Влошување на видот настанува од долго време концентрирање на кратки дистанци пред окото (под 1 метар) каде леќата треба да е стегната долго време за да фокусира на тоа кратко растојание. За периоди од повеќе од 30 минути на пример. Исто е колку е голем екранот, важно е колку е далеку екранот. Што подалеку, тоа подобро. Поголемиот (со иста разолуција) ти овозможува да го ставиш некое растојание поназад, а да добиеш буквално иста слика како од помалиот, само фокусот на очите ќе е подалеку за да ја добие истата слика.
Од тие причини секогаш преферирам поголем монитор, без крајна граница на голенима.

Значи рачунај, окото ja глeда буквално истата слика при:
20 инчи и 0.5 метри
40 инчи и 1 метар
80 инчи и 2 метра
Во конкретниов пример ако земеме 19 инчи на далечина од 40цм која е некоја нормална за тој монитор, би добиле иста слика на далечина од 51 цм. Со 27 инчи сме добиле 57цм далечина, тоа е скоро 50% зголемена далечина од првичната. Растеретеноста на фокусниот систем на окото ќе е доста поголема со 27 инчи. 32 инчи би ти дала далечина од 68 цм, која е веќе солидна за употреба на биро со културни димензии од 80цм длабина доколку мониторот е на крајот од бирото, а ти си на столче пред бирото.
Препорачливо е секои 20 минути гледање во монитор (или близок објект) да се потроши 1 минута гледање во далечина. Баш од овие причини.