Автор Тема: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...  (Прочитано 1535972 пати)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6450 на: 07 Јануари 2015, 14:27:04 pm »
Ips li e ova? Kolku frejma e?

Отсутен Ezekiel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 400
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6451 на: 07 Јануари 2015, 19:30:21 pm »
30 Hz, ради тоа само го бива за работа у 4к, и мислам дека не е ипс.... 

али ипак концептот 4к тв место монитор е топ...
Cogito ergo zoom

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6452 на: 07 Јануари 2015, 20:05:54 pm »
Со туѓ лесно се млатат коприви. Си има компромиси, најстрашна е острината по пиксел за читање текст. Таа не се мери само се искусува. Само ќе замара очи ако не е остра. Треба да се види, може и е добар. Сепак 4К без IPS нема некоја поголема логика.

Присутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6453 на: 07 Јануари 2015, 20:26:37 pm »
Се што лета не се јаде...

Пред да се излетате во некоја авантура каде мониторот ќе го мењате со телевизор земете си лаптоп и на лице место у продавница проверете си input-lag, да видите колку мили секунди, да не речам секунди, ќе ви касни сликата по вашите команди...

И јас пред некој ден појдов во нептун и си одбрав 4K 48-ка за 65000 денари, среќен дека ќе уштедам 70000 денари и место 32-ка ќе си земам 50-ка, ама брзо се разочарав со погубните констатации. Дури и на исклучени сите можни афтер-процесинг срања, маусот касни по моето движење. А замисли да треба да играш на такво чудо...Комедија.

Чаре е да се почека пола година. Ќе излезат ефитини 32+ 4К IPS панели, па ќе може и побогатата сиромаштија во земјава да си ги дозволи.

П.С. Го жалам оној кој ќе даде повеќе од 120 евра за дисплеј кој не е IPS. Греотка...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Ezekiel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 400
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6454 на: 07 Јануари 2015, 21:06:43 pm »
Не викам дека е идеално инстнантно решение, чисто постирав пошо видов дека се шират муабети по нетот за користење 4к наместо монитор... Ти си пробал си отишол си видел што како и си донел конструктивен заклучок, ја и претходно си кажав дека на памет и од шо иам читано праам муабет  :D
Cogito ergo zoom

Присутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6455 на: 07 Јануари 2015, 21:25:08 pm »
Пазете што читате, каде и од кого читате. :D

Трнги од тоа што типот е среќен со TN панел на 30Hz и застани...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6456 на: 07 Јануари 2015, 21:32:35 pm »
Нова е таа технологија сеуште, рано е, скапо е. Ќе си легне и таа.

Штетата ќе остане само на оние кои сакаат големи монитори (40 инчи барем) а немаат можност да набават зошто такви не постојат. Ете тоа е штетата. Изборот е само на телевизор. А за 4К според мене ~40инча е грубо таман. Ќе ти дојде како 1080п на 20 инча екран, значи некоја така земено солидна густина за нормална работа. Ни прегусто, ни влашко.

Присутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6457 на: 07 Јануари 2015, 21:39:54 pm »
Најголема иронија е што на телефонот имам 2560x1600 дисплеј на 5.9", исто колку на 13" дисплеј од нетбукот, и нешто поголема резолуција од онаа на 27" монитор од десктопот, т.е. 2560x1440.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6458 на: 07 Јануари 2015, 21:43:42 pm »
што ќе ви се толкави резолуциишта вие си знаете

ве работат произведувачите ко бавча. „повеќе е подобро навали народе“

2 и кусур иљади на 1 и кусур иљади на шес инчен телефон еј

што ќе гледате на 4к бе? каков матерјал? ало!

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6459 на: 07 Јануари 2015, 21:45:27 pm »
За курчење. Се знае.

За текст е прекрасно, како новина да читаш.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6460 на: 07 Јануари 2015, 22:04:37 pm »
што ќе ви се толкави резолуциишта вие си знаете

ве работат произведувачите ко бавча. „повеќе е подобро навали народе“

2 и кусур иљади на 1 и кусур иљади на шес инчен телефон еј

што ќе гледате на 4к бе? каков матерјал? ало!

Good point.

Присутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6461 на: 07 Јануари 2015, 23:47:02 pm »
што ќе ви се толкави резолуциишта вие си знаете

ве работат произведувачите ко бавча. „повеќе е подобро навали народе“

2 и кусур иљади на 1 и кусур иљади на шес инчен телефон еј

што ќе гледате на 4к бе? каков матерјал? ало!
Нема опција 1080p за Note 4 за да можев да изберам. А 1080p би избрал единствено затоа што помалку ги замара процесорите во телефонот, т.е. по-smooth е и помалку арџи батерија. Инаку дисплејот кој го има е врв, т.е. најдобар дисплеј вграден во мобилен телефон/таблет до сега.
Патем, телефонов има 16MP камера и снима филмови во 4K, сликата е стакло-панчево...Така да, кога ги гледам снимките на телефон се исто така стакло-панчево како кога ги гледам на преносниот компјутер или десктопот.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6462 на: 07 Јануари 2015, 23:48:31 pm »
16 мп на она зрнце од леќа е маркетиншки трик. На тоа стакленце аголната факин аберација ти е двоцифрен број пиксели. Таа камера и да е 2 (два) мегапиксели ти нема ништо да приметиш. И понатаму ќе биде стакло панчево. Вистинската резолуција (најмалиот можен детал кој можеш да го снимиш) е одреден од оптиката, не од сензорот. Тој може и 2134241235123516 терапиксели да биде ако сака.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6463 на: 07 Јануари 2015, 23:51:13 pm »
Најголема иронија е што на телефонот имам 2560x1600 дисплеј на 5.9", исто колку на 13" дисплеј од нетбукот, и нешто поголема резолуција од онаа на 27" монитор од десктопот, т.е. 2560x1440.

Ако уште имаш Ноте 4, си помешал и за големината и за резолуцијата. 5.7 2560х1440.

Присутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #6464 на: 08 Јануари 2015, 00:12:58 am »
16 мп на она зрнце од леќа е маркетиншки трик. На тоа стакленце аголната факин аберација ти е двоцифрен број пиксели. Таа камера и да е 2 (два) мегапиксели ти нема ништо да приметиш. И понатаму ќе биде стакло панчево. Вистинската резолуција (најмалиот можен детал кој можеш да го снимиш) е одреден од оптиката, не од сензорот. Тој може и 2134241235123516 терапиксели да биде ако сака.
О не! Пак ли...
Од мое лично искуство, вади подобри фотки од оние кои ги вади дигиталецот Канон не знам кој модел со 8MP со Карл Сајз леќа и 4x оптички зум. Не знам со кој сервис можам да аплоудирам фотографија без да и направи лајна и да и ја промени резолуцијата, па да видиш и да ми кажеш дали ништо нема да приметам со 2MP или не...

Ако уште имаш Ноте 4, си помешал и за големината и за резолуцијата. 5.7 2560х1440.
Уште имам Ноте 4. И да, јас сум бил во заблуда. Мислев дека 5.9" е екранот, а резолуцијата дека е 2560x1600. Како и да е, не ја менува иронијата дека имам телефон со боли глава дисплеј од 5.7" кој има иста резолуција колку и 27" монитор на десктопот.
Ум шо идит отпосле не јет ум!