Се што лета не се јаде...
Пред да се излетате во некоја авантура каде мониторот ќе го мењате со телевизор земете си лаптоп и на лице место у продавница проверете си input-lag, да видите колку мили секунди, да не речам секунди, ќе ви касни сликата по вашите команди...
И јас пред некој ден појдов во нептун и си одбрав 4K 48-ка за 65000 денари, среќен дека ќе уштедам 70000 денари и место 32-ка ќе си земам 50-ка, ама брзо се разочарав со погубните констатации. Дури и на исклучени сите можни афтер-процесинг срања, маусот касни по моето движење. А замисли да треба да играш на такво чудо...Комедија.
Чаре е да се почека пола година. Ќе излезат ефитини 32+ 4К IPS панели, па ќе може и побогатата сиромаштија во земјава да си ги дозволи.
П.С. Го жалам оној кој ќе даде повеќе од 120 евра за дисплеј кој не е IPS. Греотка...