Има некакви шанси да се повратат податоците веднаш после форматирање со нов Вин7
Реално тешко. Теоретски да, практично можеби понешто од помалите фајлови ќе се извади.
Се зависи колку е работен компјутерот после форматирањето на партицијата и преинсталацијата на оперативниот систем. И од тоа колку биле фрагментирани старите фајловите предтходно.
Со самата инсталација на ОС-от веќе е пишувано врз доста од старите фајлови.
Во превод: ако имаш некои многу важни документи, вреди малтретирањето за поврат на податоците. Можеби и некоја фотографија да извадиш. Но ако ти е за музики, филмови, мултимедија... тогаш не ни помислувај.
Пошто постапката ќе трае долго, ќе ти треба неколку пати поголем простор од величината на тој хард диск, тоа што ќе излезе надвор може да биде со пребришани имиња и 90% и повеќе ќе бидат лошо извадни податоци.
Значи после долга и сложена постапка ќе треба рачно да проверуваш илјадници фајлови (со имиња како FE#@$!@DSA.@#!), и тоа секој од нив поединачно дали се отвараат со соодветен софтвер (на пример со прегледник за слики, или со офис софтвер).
Долготрајно и мачно, и едвај понешто дали ќе се извади. Посебно тешко овака после цела преинсталација на ОС на истиот хард диск, и некое време работење.
