SP3 има инсталирано на XP-то?
Јас пред некој ден имав ист проблем, после апдејт скајпот на вклучување јавуваше некоја грешка. Испадна дека е од XP SP2. Стаив сп3 и си проработе :-)
Баш верзија 4.2 од Скајп?
Иначе SP3 се машините, и со скоро сите други апдејти после SP3.
Баби и жаби... ако менаџментот на фирмава нема намера да мења 10+ години стар хардвер, СИГУРНО ќе ги убедам да купат лиценци за нов (и скап) оперативен систем. Патем станува збор за десетици и десетици машини, прашање е дали воопшто дисковите се доволно големи за 8ца и неопходен софтвер.
Искрено се надевам дека не работиш ИТ некаде.
Што се однесува за домашниве машини... Што ми значи колку време трае инсталацијата? Еднаш инсталирам, потоа имиџ се прави и се враќа ако некогаш нешто се случи.
Време на подигање?
Ништо важно, мултитаскинг IRL секогаш и секаде. Башка 8ца делумно го хибернира ОС-от на исклучување, и на ХР да овозможам хибернација -побрзо ќе се подигне следниот пат.
Споредби на брзина на интернет експлорер?

И тоа прастара верзија 8, со новиот ИЕ?
Прво, кој воопшто користи ИЕ дома... ОК освен за отварање на банковна сметка (ако и тогаш). Второ временската разлика меѓу верзиите е цели пет години, се разбира дека е поспоро.
Фотошоп? На ваква машина? Па уште и CS3+ верзија?
Сериозно, Фотошоп 4 има на тие машини, и за брзи основни средувања на фотографии (еднаш во неколку години) е повеќе од добар.
Дајте бе баталете со советиве за нов ОС на стари машини, чисти глупости. Си пробувал се и сешто, секакви комбинации и тврдам дека на такви стари машини само стар ОС и по можност постари верзии од апликациите, даваат чуство на блиц брз интерфејс.
Така да ако сме кај конструктивен муабет, кажете која е
најлесна верзија на скајп што сеуште работи... А ако некого го интересира, можам да ги најдам упатствата како да се конфигурираат некои скриени подесувања на скајп. Како на пример, да не влегува во супер нод, мод на работа.