Имам проблем со компјутерот па ако може помош мала.
Пред 6-7 години си купив статичен ПЦ, по 1-2 години одкако го користев земав лаптоп, а и се погоди баш тој период ми цркна напојувањето па до вчера компјутерот стоеше така. Вчера фанав му купив 400W Gembird напојување, го преместив и решив да го пуштам. На првото пуштање како да пукна нешто и компјутерот си тргна нормално, се запали но цел екран беше како матен, мрдаше и имаше снег на него. Ископирав документите што ми требаа и решив да го рестартирам за да видам дали ќе се управи екранот или драјвери нешто треба да се корегираат. Е од тоа рестартирање компјутерот неможам веќе да го уклучам.
Притискам копчето, компјутерот се уклучува но на екранот не се појавува апсолутно ништо. Дури не ни светка ламбичето на екранот. Пробав графичката ја извадив ја промрдував, дував штурев ама џабе. Денеска фанав ја извадив графичката зошто на неа сумљав и ја однесов кај еден другар да ја пробаме. Ја ставив на неговиот компјутер и графичката си работи сосема нормално, така да апсолутно неам идеја што би можело да му биде сега зошто едино графичката ја поврзував со немањето на слика.
Да напоменам само дека ги прегледував и кондензаторите на матичната и приметив дека 2-3 се мааааалку поднадуенки. Ништо претерано но не се како другите.
Инаку се работи за компјутер од следниве елементи
- Процесор Intel Q6600
- Матична MSI P43 NEO
- Palit GeForce 9800 GT
- 8GB Ram
- WD 640GB Hard
- Напојување Gembird 400W Real ново.
Што би ми препорачале да пробам и што да менувам.