Автор Тема: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...  (Прочитано 1675775 пати)

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7271
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5310 на: 28 Април 2014, 09:54:54 am »
Општо. Ми викаше дека на ХП повеке улога играла графичката за разлика од Вињ 7 каде што повеке на израз бил процесорот.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34542
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5311 на: 28 Април 2014, 09:58:15 am »
Хахаха, не е точно.
Кај Windows 7/8 можеби мноогу малку повеќе улога игра процесорот. Но пресудна улога има графичката карта.
Целиот компјутер треба да е во баланс, но твојот процесор е прилично моќен а графичката ти е тешка тапа. Така да графичка смени и не се замарај со процесорот премногу.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55339
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5312 на: 28 Април 2014, 10:21:10 am »
За работа процесорот си треба. Графичката си дреме. Ама за игри... Се знае. Можеш на Титан да одиш со тој процесор без проблем.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7271
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5313 на: 28 Април 2014, 10:27:25 am »
Битното ми беше да знам што ја мати работата. Сега за сега нека си стои, немам 150+ евра во моментов да дадам за добра графичка. Здравје боже во иднина, за година-две.

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5314 на: 28 Април 2014, 11:27:33 am »
Едно gtx750-вче, село би ти ко дупе на ношу:

http://m.newegg.com/Product/index?itemnumber=14-487-026

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7638
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5315 на: 28 Април 2014, 11:45:05 am »
Јас имам Ати радеон хд 4730 512 ддр5... која графичка од нвидиа е еквивалент на оваа ? 

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5316 на: 28 Април 2014, 14:20:35 pm »
Еве сега тестирав на Eurotruck Simulator 2 на највисоки сетинзи со вклучени додатни ретровизори, на 1440х900 резолуција. Еве како процесорот работеше:

Ама чекај, требаше на бф4 да тестираш. Симулаторов можеби (уствари - најверјано!) има помали реални барања за пресметување позиции на полигони.

Повтори го истото со бф4 и да видиме.

Мене само работата ми беше што Јанош малку ми ги помати сметките, ми вика не се замарај со графички, вложи во далеку појак процесор и ке немаш гајле.

И мене натаму ми тера умот. Провери.

Отсутен Van

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5405
  • VW Golf MK3 1.9 TDI
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5317 на: 28 Април 2014, 15:15:11 pm »
Е сега, пример, за да добијам на перформанси, односно да можам да ја играм на high сетинзи, што би требало да појачам од конфигурацијава моја ?
Веќе ти одговориле соодветно, јас само ќе се надоврзам со следново. Факт е дека ќе добиеш одредена добивка во перформанси со замена на појак (четиријадрен) процесор. Но во однос на дадените пари, таа добивка ќе биде занемарлива во однос на добивката (во перформаси) која ќе ја добиеш со надградба до некоја графичка карта од средна класа.
Така да одговорот е: ако имаш пари, тогаш замени и CPU и граф. карта. Јас лично во таа конфигурација не би менувал ништо друго освен графичката картица.

Е сега една работа што треба да ја имаш на ум. Ако немаш добро напојување во компјутерот, ATI графичка карта ти е подобар избор: нивните карти од средна класа (и воопшто) цицаат многу помалку струја од nVidia картичките (и помалку се грејат, па се и потрајни). nVidia картица од средна класа има повеќе шанси да направи проблеми во работата, ако напојувањето не е доволно јако.

BTW, ако ти се чита:
http://www.xbitlabs.com/articles/cpu/display/core-i3-2120-2100.html
http://www.tomshardware.com/reviews/gaming-graphics-card-review,3107.html

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55339
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5318 на: 28 Април 2014, 15:17:08 pm »

Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5319 на: 28 Април 2014, 15:37:21 pm »
Е сега, пример, за да добијам на перформанси, односно да можам да ја играм на high сетинзи, што би требало да појачам од конфигурацијава моја ?
Веќе ти одговориле соодветно, јас само ќе се надоврзам со следново. Факт е дека ќе добиеш одредена добивка во перформанси со замена на појак (четиријадрен) процесор. Но во однос на дадените пари, таа добивка ќе биде занемарлива во однос на добивката (во перформаси) која ќе ја добиеш со надградба до некоја графичка карта од средна класа.
Така да одговорот е: ако имаш пари, тогаш замени и CPU и граф. карта. Јас лично во таа конфигурација не би менувал ништо друго освен графичката картица.

Е сега една работа што треба да ја имаш на ум. Ако немаш добро напојување во компјутерот, ATI графичка карта ти е подобар избор: нивните карти од средна класа (и воопшто) цицаат многу помалку струја од nVidia картичките (и помалку се грејат, па се и потрајни). nVidia картица од средна класа има повеќе шанси да направи проблеми во работата, ако напојувањето не е доволно јако.

BTW, ако ти се чита:
http://www.xbitlabs.com/articles/cpu/display/core-i3-2120-2100.html
http://www.tomshardware.com/reviews/gaming-graphics-card-review,3107.html
Го грешеш орото... што би рекле во Кочани.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34542
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5320 на: 28 Април 2014, 16:05:19 pm »
Јас имам Ати радеон хд 4730 512 ддр5... која графичка од нвидиа е еквивалент на оваа ? 

Geforce 520

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5321 на: 28 Април 2014, 16:10:19 pm »
Веќе ти одговориле соодветно, јас само ќе се надоврзам со следново. Факт е дека ќе добиеш одредена добивка во перформанси со замена на појак (четиријадрен) процесор. Но во однос на дадените пари, таа добивка ќе биде занемарлива во однос на добивката (во перформаси) која ќе ја добиеш со надградба до некоја графичка карта од средна класа.

Не мора да значи, зависи од играта.

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7271
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5322 на: 28 Април 2014, 16:39:07 pm »
Уште малку останува додека да се симне battlefield 4, па ке истестирам.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20397
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5323 на: 28 Април 2014, 16:45:59 pm »
Веќе ти одговориле соодветно, јас само ќе се надоврзам со следново. Факт е дека ќе добиеш одредена добивка во перформанси со замена на појак (четиријадрен) процесор. Но во однос на дадените пари, таа добивка ќе биде занемарлива во однос на добивката (во перформаси) која ќе ја добиеш со надградба до некоја графичка карта од средна класа.

Не мора да значи, зависи од играта.

Стави 780ка на и3ка и на и7ца. :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #5324 на: 28 Април 2014, 17:40:10 pm »
Веќе ти одговориле соодветно, јас само ќе се надоврзам со следново. Факт е дека ќе добиеш одредена добивка во перформанси со замена на појак (четиријадрен) процесор. Но во однос на дадените пари, таа добивка ќе биде занемарлива во однос на добивката (во перформаси) која ќе ја добиеш со надградба до некоја графичка карта од средна класа.

Не мора да значи, зависи од играта.

Стави 780ка на и3ка и на и7ца. :)

По трети пат: зависи од играта. Немаат сите игри идентична дистрибуција на побарувањата за gpu и cpu.

Кај „шарени“ игри со еден куп специјални ефект, но релативно мал број на „човечиња“ кои „мрдаат“ и едноставни сценарија, графичката е од круцијално значение.

Кај игри кои имаат голем број на „човечиња“ кои треба да „мрдаат“ независно и/или сложени динамички сценарија, процесорот е од клучно значение. Кај нив можеш да имаш и GTX32903489, ако е слаб процесорот - џабе.

И, конечно, кај голем број игри графичката и процесорот се подеднакво важни. Играта ќе иде мазно само ако и двете компоненти се доволно потентни.