Веќе ти одговориле соодветно, јас само ќе се надоврзам со следново. Факт е дека ќе добиеш одредена добивка во перформанси со замена на појак (четиријадрен) процесор. Но во однос на дадените пари, таа добивка ќе биде занемарлива во однос на добивката (во перформаси) која ќе ја добиеш со надградба до некоја графичка карта од средна класа.
Не мора да значи, зависи од играта.
Стави 780ка на и3ка и на и7ца. 
По трети пат:
зависи од играта. Немаат сите игри идентична дистрибуција на побарувањата за gpu и cpu.
Кај „шарени“ игри со еден куп специјални ефект, но релативно мал број на „човечиња“ кои „мрдаат“ и едноставни сценарија, графичката е од круцијално значение.
Кај игри кои имаат голем број на „човечиња“ кои треба да „мрдаат“ независно и/или сложени динамички сценарија, процесорот е од клучно значение. Кај нив можеш да имаш и GTX32903489, ако е слаб процесорот - џабе.
И, конечно, кај голем број игри графичката и процесорот се подеднакво важни. Играта ќе иде мазно само ако и двете компоненти се доволно потентни.