Мммммм, грешно си сфатил. Ниту една форма на RAID со тврди дискови нема ни да се доближи до перформансите на single SSD.
Можеш евентуално RAID на SSD-a да правиш за да бркаш перформанси, но никако на дискови.
Во ниедно сценарио 3-4 хард-дискови нема да ти дадат перформанси колку што може една 250GB EVO со 20% over provisioning. Не па да дадат подобри перформанси...
Не ни реков дека перформансите ќе бидат ниту исти, ниту подобри. Реков дека
од аспект на корисникот на базата (тој што ќе треба да се врже преку интернет, да чека IIS да ја склопи страната дрн дрн...) перформансите
нема премногу да се разликуваат. Ќе се разликуваат, но
колку? Ќе биде нешто поспоро - верувам - но дали ќе биде толку поспоро да вреди човек да се откаже од доверливоста на 1+0? Во тоа не сум сигурен, не тврдев ништо категорички, само гласно размислував и се прашував.
На пример, со раид 1+0 страната ќе му се отвори за 1 секунда. Со ссд ќе му се отвори за 0.1 секунда? Да, тоа е 10 пати побрзо, но и 1 секунда е доволно брзо. Само гласно размислувам, не рипајте одма