Моментално сум кај еден другар и има еден проблем со компјутерот. Компјутерот му е стар ~5 години, но задниве неколку дена после континуирана работа доколку го рестарира и кога треба да се појави welcome и да се уклучи виндовсот, му се гаси и мора наново да го уклучи.
Му инсталирав програмче еверест, и на нег ги прочитав следниве вредности на напојувањето:
CPU core 1.30v
+ 3.3v 3.38v
+5v 4.78v
+12v 11.77v
+5v standby 4.81v
Да не му е ослабено напојувањето па му прави вака ? Пошто многу му е низок напонот од 12v. Или пак нешто друго може да биде.
И друга работа, процесорот му е DualCore AMD athlon 64 x2 2.30 Ghz, но постојано му црпи нешто, и работи на голема температура, на ~70-75 степени.
Во таск манаџер, има преку 70 процеси што му работат.