Нешто како ServicePack е, не треба да има многу измени. Бесплатна е надградбата за тие што имаат лиценца за 8мица.
На старт екранот ја си ги местам сите кратенки што ги имаше на старт менито, и плус имам место за уште многу други. Со 8.1 ќе можат да се смалуваат тие плочките, па сега ќе собира уште повеќе. Воопшто не ми недостига старт менито.
Копчето е добредојдено, зошто ако работиш на 8мица преку Remote Desktop или нешто слично што не е уклучено на цел екран и треба старт екранот да го повикаш, а те мрзи да користиш тастатура, требаше со глушец да ги бркаш тие неколу пиксели во аголот за да се појави копчето.
Јас си работам во десктоп мод, не сум уклучил метро апликација, па подобро ми е од 7мицата. Почист и поедноставен е интерфејсот, нема ефекти, стакла, отсјај, замаглувања и разни детски украси. Многу попрофесионално ми делува.
Најголем дел од подобрувањата треба да се во новиот интерфејс што е за екрани на допир и транзицијата од едниот во другиот интерфејс. Гарант се интегрирани и сите поправки до сега, а викаа дека има и подобрувања на стабилноста.
Единствено ме нервира дијалогот за поставување на предефинирана апликација што е во метро стил и се случува да се укочи ако уредувам подесувања за друг корисник. Се надевам дека го средиле тоа, ако воопшто некој го забележил.