Пишав дека го снема звукот, ама ако пак се појави, ке го носам во сервис. Итака 1 година е, може се изнасобрало и прашина, тамам да го очистат, пошто нејкам да го отворам и чистам јас додека е под гаранција.
Затоа се носи на одржување, за минимална надокнада ќе го исчистат и ќе си имаш гаранција. Утре да ти рикне компјутерот ќе ти најдат многу причини зашто не ти важи истата па покрај мочано напајање ќе мора да купиш и плоча.
Ние со секој продаден компјутер издаваме упатство за употреба и гаранција
Во гаранцијата е наведено дека треба да се носи на чистење од прашина на не секој 6 месеци. За тоа не наплаќаме ништо. Некој го почитуваат тоа некој не. Обично тие што не го носат после година и нешто им рикнува напојувањето од загушеност, ако има кулер на графиката најчесто и тој се запушува и престанува да врти па рикнува и графиката и обавезно им мењаме кулер и на процесорот.
И тука одма има реакција а гаранција нели има?!?!
да има гаранција ама да си се придрзувал на тоа што е напишано таму, за надворешни влијанија не сме ние криви

е сега некој ќе помисли а што да прави тој од пр. Делчево. Ќе си го спакува во кутија и ќе го прати по глобко за два дена го има назад. Во еден правец си плаќа он во друг правец ние