Дечки, да ве прашам. Утрово кога го запалив компјутерот, по некое време ми се појави звук како нешто да меле од кулер. Најверојатно според тоа од каде што доага звукот, се работи за кулерот од напојувањето.
Го исклучив комплет, пак го уклучив, немаше ништо, сеа пак ми се појави. 1 година ми е стар компјутерот, лани го земав во септември, прв пат вака ми вади звук. Од што може да биде, прашина или пак му доага крајот на кулерот ?
Иначе сеуште ми е под гаранција компјутерот.
Едит: Сеа во моментов коа ја едитирам поракава, го снема звукот.