Мислам дека во моментов ова е најако од нив http://www.noctua.at/main.php?show=productview&products_id=41&lng=en
и доколку се достават вентилатори на самото куќиште добиваш ултра ладна и тивка машина. Од искуство зборам. 
Да мислиш е едно, да знаеш е друго.

Тие кулерчињата кои ги спомна после NH-D14 се играчки во споредба со неа.
Со години NH-D14 е overall најдобар возудшен кулер. Чат пат се појавува по некој кој е маргинално подобар во нешто, но како пакет NH-D14 откога е изелзен до ден денес е најдобриот(моќ, тишина, капацитет и дисипација и т.н.) воздушен кулер на светот. На една од машините го имам со сменета 12-ка вентилатор за NF-F12 кој е пак најдобрата 12-ка произведена некогаш од Ноктуа и е меѓу топ 5, 12-ка вентилатор во светот.
Што се однесува до доставањето вентилатори, не значи дека со доставање ќе се подобри нешто. Напротив може и да се влоши. Најбитно е каде ќе ги поставиш и како ќе ги свртиш да дуваат, па какви вентилатори (кој статички притисок, големина, вртежи), па на која брзина ќе ти вртат вентилаторите.
Ениху, NH-D14 е повеќе чалам отколку потреба, единствена смисла има само на hard-core оверклокуван процесор кој сериозно грее и троши, а денес такви се само лајната на AMD (кои немаат никаква смисла да ги купиш освен од ентузијастичка љубов кон AMD) и 6 јадрените Sandy Bridge-E процесори на Intel. За Ivy Bridge(3770К или послаб), кулер во ранг на Cooler Master Hyper 412S е повеќе од доволен за максимален(4.5~4.7GHz) 24/7 стабилен оверклок при прифатливи температури(под 90'C на јадра при долготраен 100% реален load) и напони(под 1.25v).
Ботмлајн, подобар воздушен кулер од NH-D14 нема! После NH-D14 има смисла само custom водено ладење кое чини 300+ евра, во странство се разбира...