Автор Тема: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...  (Прочитано 1537089 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3345 на: 12 Јули 2013, 22:45:16 pm »
Варијациите на волтажата се пренесуваат до звучната, лоша заштита од такви шумови.

Преку што? Преку напојувањето или преку САТА кабелот?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3346 на: 12 Јули 2013, 23:03:56 pm »
SATA кабелот пренесува информации, не е поврзан директно со напојувањето на главите. Веројатно преку напојувањето. Не сум сигурен за ова, ама многу често сум осетил такви шумови на стариот компјутер кога имало активност на дискот.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3347 на: 12 Јули 2013, 23:16:31 pm »
Назад, на Пејџ Фајл-от....
Треба да биде со фиксна големина од 450MB. Тоа е најголемата цифра која ја побарала некоја апликација до сега. Над таа величина нема смисла, се разбира доколку имате отповеќе РАМ.

Што се однесува до повеќе ССД-а, има смисла само ако се користат најбрзите ССД-а на пазарот. За брзо ќе мењам дел од играчките по дома, па во план ми е Asus Maximus VI Extreme Z87 + 4x Samsung 840 Pro 256GB @RAID0. Треба да вадат по 1.8GB/s секвенцијални запсии и вчитувања и околу 1GB на 4K-64 threads. Не дека ќе осетам некоја разлика во однос на 2x840 Pro 256GB @RAID 0, ама чисто од к*рчење, ем Куоре да се нервира. Слики за дркање, кога ќе се стационирам од одмор.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3348 на: 12 Јули 2013, 23:55:19 pm »
Кога ми отворен пребарувачот звучниците ми шушкаат а немам никаков звук пуштено...
До што може да е?

шробај смени ги усб портите на кои ти се уклучени разните уреди. глушец, тастатура, ово, оно... рандомајз!

мене еден таков гаден шум кој навидум беше поврзан со цпу илидиск активност: тотално го снема откако ја сменв усб портата на маусот! невероватно, али од тогаш сигналната патека на звучната е тивка ко вселенски вакуум. Ни најмал шум!

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3349 на: 13 Јули 2013, 00:10:34 am »
Не дека ќе осетам некоја разлика во однос на 2x840 Pro 256GB @RAID 0, ама чисто од к*рчење, ем Куоре да се нервира. Слики за дркање, кога ќе се стационирам од одмор.

Ова си го пробувал?  :)
http://www.tomshardware.com/reviews/ssd-raid-benchmark,3485.html

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2622
  • Custom made interiors
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3350 на: 13 Јули 2013, 10:07:50 am »
Звучната ја менував и ги ставив драјверите што беа со неа на ЦД. Да пробам да менувам драјвери ќе се промени нешто или да оставам така? Ако оставам така може ли да биде некој поголем проблем?

Отсутен Vasil

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3759
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3351 на: 13 Јули 2013, 10:15:20 am »
Нема да биде проблем, само може да те иритира тоа шушкање кога е тишина. Пробај најди нови драјвери од интернет или како што предложи filipv обиди се со промена на USB портите.

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2622
  • Custom made interiors
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3352 на: 13 Јули 2013, 10:25:50 am »
Ништо не ми е приклучено на УСБ порт. За десктоп комп се работи.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3353 на: 13 Јули 2013, 11:45:04 am »
Маусот и тастатурата на што ти се? PS/2?

@filipv: Кај мене сличен проблем имаш кога работеше он-борд мрежната. Уштекав стенд-алоун мрежна и се реши проблемот. :)

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3354 на: 14 Јули 2013, 23:03:04 pm »
Маусот и тастатурата на што ти се? PS/2?

@filipv: Кај мене сличен проблем имаш кога работеше он-борд мрежната. Уштекав стенд-алоун мрежна и се реши проблемот. :)

по малку тера накај црна магија... тој проблем со диви шумови кој го рапортираат многу луѓе.

Нема унифицирано решение. Пробуваш комбинации се дур не го снема шумот :-)

(се смеам, ама ја си знам шо коса искорнав додека случајно не го сменив портот на ебаниот маус!)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3355 на: 15 Јули 2013, 00:03:10 am »
Јас имам начекано некои шумови кои доаѓале од неидентификувано место на плочата. Скоро секогаш кога сум го игнорирал тоа наскоро цркале матичните или напојувањата. Секогаш кога ќе идентификувам таков шум секогаш советувам промена на напојувањето. Штом се смени напојување шум веќе не постои.

Отсутен Ezekiel

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 400
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3356 на: 16 Јули 2013, 02:31:57 am »
Совет за солиден екстерн хард диск? Не ми треба повеќе од 2тб капацитет...
Cogito ergo zoom

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3357 на: 16 Јули 2013, 09:06:48 am »
Вака нешто ти препорачувам, ако ти се битени податоците.
http://www.emc.com/storage/symmetrix-vmax/vmax-40k.htm

A за поефтино строго вака:
http://www.anhoch.com/pcmarket/index.php?cat_id=3007&pid=34038

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3358 на: 16 Јули 2013, 09:14:32 am »
Јас би идел на првото! Сигурно и доверливо решение, а плус и прочитав статистика дека америчката влада просечно набавува по еден дневно. Тоа е доволен индкатор дека е best buy решение!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34462
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #3359 на: 16 Јули 2013, 10:14:27 am »
Тоа е супер, ама е професионално решение од кое се прават пари. Него веројатно му треба за бекап и уклучување еднаш во неделата. Така Езекил?
Јас би второто, со надеж дека нема да ти се падне refurbished хард диск внатре.