Компјутерот кај тебе на работа кој е составен дел од некоја машина и има стрикно определена намена и цел претставува помалку од 0.001% од вкупниот пазар за компјутери, па како таков не е никаков репер за нешто. Држи се во рамката персонални компјутери без разлика дали се мобилни, десктоп, воркстејшн или домашен сервер.
На секој еден ваков твој пример од компјутер вграден во вселенска станица и слично јас можам да ти дадам иљадници примери кои го потврдуваат спротивното. А ќе почнам од себе лично и од мојата околина кои што не се general user, туку advanced со малку поспецифични критериуми и барања. Сите софтвери кои ги користиме од пред 25 години до ден денес се компатибилни со денешниве компјутери. Харверот кој е променет и некомпатибилен со денешниве компјутери како на пример скенери, штампачи, проектори, влезно-излезни уреди и слично е прегазен од времето и денес нема употребна вредност. На пример штампачи и скенери со прастари интерфејси и со десетици или стотици пати помали перформанси од денешните. Тоа е некомпатибилно, ама и да е компатибилно нема да го користам некогаш, ни под разно.
Точно, составен дел е од некој друг уред...Но се е предефинирано и подесено...Штекаш, работи и не се замараш. Се е едно те исто.
Тоа е бизнис...
Пример, за да заработиш 20к евра на некоја машина, пример Z400 од НР, треба да направиш модификација...
Имаше едни мозоци кој на клиника пробаа да си играат со еден компјутер на кој ДВД режачот му работеше со брзина зададена од производителот за да можноста на грешка биде намалена. Нели при снимање на податоците на пациентот. Е тие истите сакаа да стават побрз ДВД режач, пошто исто било, побрзо да режеле двдија...
ЛоЛ...ајде...да не коментирам на долго и широко...
Се си има намена, таргет група итн итн....
Ти никад не би купил ПЦ од АМЦ за 8000 денари нели..
и така
