Тоа со картицата префрлување ова она, беше на постарите андроиди! кај поновиве нема такво нешто, или барем така мислам!
тачно.
Апликацијата со резолуции? Значи једина апликација на која треба да и бараш резолуција е некоја навигација и евентуално некоја ХД игра ( мада не ми се верува).
Ги користам сите апликаци на телефон и на таблет, од исто место и во исто време симнати, не сум барал резолуција до сега
исто многу тачно.
како и да е, имам аверзија према било кој I уред... прво и основно - ЦЕНА... за што да плаќам толку пари, кога го добивам истото, можеби и во некои случаи повеќе со некој уред што е многу поевтин од конкретен I уред...
порано да... андроидот не беше толку развиен и напреден ко сега. имаше заебанции со недостаток на меморија (како основен проблем), па префрлаш апликации од телефонска меморија на SD, па рутуваш, па ова, па она.. сега е друга приказна. (барем) проблемите со меморија и префрлање апликации се минато, почнувајќи од ICS па натака.
екранот е исто така осетлив како кај Iphone да речеме. сеа тоа пак зависи за што уред станува збор... не може да збориме конкретно за некој ZTE, Huawei, или некоја ниска класа на самсунг или LG, било што слично од пониска класа... земете у предвид некој реален конкурент на Iphone (пример, Galaxy S3).
околу меморијата, колку што ја разбрав, нема ништо спорно освен фактот дека е фиксна и е таа. крај. што за разлика кај поголемиот процент од уредите со андроид, има вградена плус опција за мемориска картица (до 32 - 64gb или колку и да е).
единствено нешто (што порано ме нервираше, сега веќе не зошто си користам нокиа со симбиан) што има доста апликации што можеш да ги најдеш на Google Play, а се живо сра*е... пренатрупан е маркетот со све и свашта... иако најголем процент од сите апликации се супер, особено за моделите што се помоќни и се од повисока класа.
како и да е, следно нешто шо би зимал, тешко дека ќе биде андроид. би идел на Windows платформа. ми делува доста примамливо...
околу телефоните, тоа...
а околу таблети...
не знам... не сум имал прилика да чепнам iPad. искрено не ни сакам, не ми треба. имам таблет од 4500, што реално ми врши супер работа и ми ги задоволува потребите.
али пак, кога би ме прашал некој... би идел на иста логика... прво цената, па после и све остало.
има прекрасни таблети у стил на Galaxy Tab, или не знам... Аcer Iconia, Asus Transformer... бла бла бла...
едит: сетирањето на мејл исто така е брзо и едноставно на било кој модерен уред. без разлика дали е андроид или не. на симбиан е исто толку брзо. мислам дека муабетот на DayWalker беше дека можеш со виџет да си видиш на хоумскрин. и од кого е и што е и зашто е....