Passanger прв совет батали оверклок преку програми, оверклок преку биос е многу подобра опција ама бара и малце повеќе знаење, незнам какви можности има твојата матична ама еве ќе пробам да помогнам така на слепо, иако имај на ум дека за стабилен оверклок ти треба добра матична, рам меморија, напојување што ќе го издржи дополнителниот товар и добро кулерче за процесорот.
Не се надевај на голем оверклок, ако го задоволуваш напишаното погоре можеш да дојдеш до 3ghz стабилни ако се работи за процесор со Brisbane јадро.
- Намали го множителот на процесорот на x12.
- Намали го множителот на HT линкот на x4.
- Намали ја брзината на рамот на DDR667 (ова не е потребно ако имаш меморија што ќе трпи оверклок или ако меморијата не надминува 800mhz после менувањето на FSB-то).
- Зголеми ја волтажата на процесорот за 0,025v.
- Изгаси Cool 'n' Quiet и Spread Spectrum.
После ова зголеми го FSB на 230 и тестирај со Prime95 едно 30 минути, ако помине одиш понатака, ако не ќе намалуваш FSB за 5 се додека не најдеш стабилен клок или ако не си задоволен зголемуваш волтажа пак за 0.025v и тестираш, секако гледај температурата да не надминува 65 степени за време на тестот и не надминувај 1,4v.
Се надевам дека е малце јасно иако напишаново не е од професионалец туку мој начин на кој го оверклокував моето Аthlon-че.
Морам да напоменам дека не сносам никаква одговорност ако нешто тргне наопаку, бидејќи лесно можеш да спржиш некоја компонента ако не знаеш што правиш.