SATA4 нема да има уште некое време. Моменталните чипсети едвај имаат по неколку SATA3 порти, ќе треба да почекаме да излезат прво чипсети на кои сите порти ќе бидат SATA3 па да очекуваме SATA4.
Како и да е, сеуште не гледам реална основа за SATA4. Производителите на SSD-а треба да се ориентираат кон
- sustained перформанси, т.е. непроменливост на перформансите непосредно по интензивни операции,
- зголемување на 4К перформансите
- намалување на латенциите
- зголемување на доверливоста и веродостојноста
Ништо од ова не е поврзано со SATA4. SATA4 може да понуди само поголеми секвенционални читања и запишувања што практично многу малку ќе влијае на overall перформансите на SSD-ата во реалниот свет.