Како ги кажувате бројките ко да е битно само колку GB е SSD-то...
Prchot, моментално од она кое се нуди на пазарот во Скопје би препрорачал едно од овие две варијанти:
1) квалитетно и доверливо SSD кое нема да ти губи многу перформанси кога ќе го наполнш и по долготрајна употреба - Crucial M4 128GB, 7000~7200 денари
2) со не испитана доверливост и непозната иднина кое е многу брзо, но перформансите му се деградираат кога ќе го наполниш над пола - OCZ Vertex 4 128GB, 6500~6800 денари
Има и трета варијанта, влегува во игра само ако можеш да ги минимизираш потребите за простор. Тоа е едно од најдоверливите SSD-а, нема драматични перформанси, но не ни ги губи при полнење и употреба, Samsung 830 64GB, 3700~3900 денари
За 8 секунди нема теоретска шанса да ти се бутира Виндовс на таа машина со какво сакаш стави SSD. Можда за 18...Но бутирањето и не е некоја толку битна работа, благодетите од SSD-то ќе ги осетиш при секојдневно користење...