Куоре, жена ми е дипломиран електро инжинер, магистер. Работи во МЕПСО во оддел за стратешко планирање, што е една од 5-те најстручни можни работи кои може да ги има еден електро-инжинер-енергетичар во некоја земја. Од кога е родена до пред да се запознаеме живееше во Дебармаало, потоа заедно живеевме во Парк, па сега повторно сме во Дебармаало. Службено и приватно комуницира со културен и образован свет.
Ниту културата ниту образованието на жена ми и дозволуваат да земе да пече и пржи пипер пред зграда. А второ, нема време за тоа, да не зборам дека има бебе цицалче кое е 24/7 зависно од неа...
Да прави ајвар пред зграда може само некоја сељанка која е невработена и нема други поважни животни обврски.