Автор Тема: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...  (Прочитано 1619664 пати)

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7624
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1095 на: 19 Август 2012, 23:52:28 pm »
@Falanga

Не му давај на човекот предлог кога не знаеш што се случува! Образложив погоре што може да биде, а бидејќи чоекот кажа шо конфигурација има и од кога, не верувам дека му е напојување ниту матична. 95% сум сигурен дека AIDA погрешно ги отчитува напоните!!!

@Спенсер

Оди во BIOS во Power Options и провери ги напоните таму!

Господинот гОЈДО е во право. Напоните во биос се следниве:

1,216
3,344
5,184
12,264

гојдо, фаланга ?

п.с. дабл пост, несакајќи/

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7684
  • Хорска Секција
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1096 на: 20 Август 2012, 10:24:49 am »
Напоните кои СПЕНСЕР ги отчитал во BIOS имаат нормални вредности и нема простор за паника. Верзијата на AIDA е најверојатно стара па погрешно го препознава сензорот и отчитува погрешни вредности.

Што се однесува до термалната паста, има разни видови. Има пасти кои се електро-спроводни и кои не се! Керамичките пасти(најчесто се бели) не се електро-спроводни, но има пасти базирани на сребро, злато, бакар и слично кои и те како спроведуваат струја. Со електро-спроводни пасти треба многу внимателно да се барата, т.е. да се нанесува и чисти. Обично кога некој несмасен мачка се случува да ги намачка минијатурните отпорничиња околу чипот па затоа и не работи чипот. Ова ми се има и мене случено, т.е. на една графичка го чистев чипот од паста со примеси на сребро, па несакајќи сум допрел некое од отпорничињата па картичката не работеше. Фино и вниматело ги зачистив отпорничињата и картата си проработе.

Ако некогаш го одмонтирате кулерот од процесорот или од било кој друг чип, неопходно е потоа да ги исчистите и тенекето и чипот и да нанесете нова паста. А паста најдобро се нанесува точкасто (една точка) во центарот на чипот доколку не е преголем. Ако е голем тогаш се нанесува линија по должината на чипот или во некои случаи ако се работи за екстремно голем чип може да се нанесат и двете дијагонали. На мал чип може да се нанесе паста линиски доколку пастата е премногу густа. Секогаш се става мало количество на паста! Многу паста е контрапродуктивна. Пастата е добар термален спроводник но во никој случај не е подобар од бакарот од кој се прават капачињата на сите процесори и дната на тенекињата од сите модерни кулери. Пастата има за задача само да ги пополни воздушните шуплини помеѓу тенекето и процесорот, бидејќи како што знаеме воздухот многу слабо спроведува топлина.
Откако ќе намачкаме, внимателно се поклопува тенекето САМО ЕДНАШ! Значи прецизно го поклопуваме врз процесорот, така што ќе се залепи на него и повеќе не го тегнеме нагоре.  Еве едно видео каде многу убаво е опишано ПРАВИЛНО нанесување на паста!
« Последно менување: 20 Август 2012, 10:36:39 am gOJDO »
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34506
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1097 на: 20 Август 2012, 11:51:31 am »
А паста најдобро се нанесува точкасто (една точка) во центарот на чипот доколку не е преголем.

Така е. И да е поголем чипот малку поголема точка ќе заврши работа. Битно е точката да е на средина од чипот и кулерот да се монтира што е можно понормално (прав агол) на процесорот. Еднаш штом се притисне кулерот да не се разместува повеќе. Тоа ќе осигура дека нема воздух меѓу кулерот и процесорот.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8325
  • Плинаш!!!
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1098 на: 20 Август 2012, 12:28:37 pm »
Дечки помагајте:

Се работи за компјутер pentium 4 quad core со i3 процесор со msi матична i 4 gb рам DDR 3(моментално има 2 gb) графичка g-force 240 и HDD WD 1TB и Windows 7 Ultimate

Го земавме компјутерот од Премиум компјутери. Сите среќни и задоволни од перформансите, си викам сега ке можам да играм игрици и ете ти уште третиот ден проблем. Кога ке го мрднеш кукиштето, се гасеше сам. Го вратив во премиум и испадна дека бил sata кабелот за hdd. Го сменија и си работеше добро едно 2 месеци. Па ми цркна едниот рам. Останав со 2gb.
После тоа почна да мава плави екрани. Ке го уклучам све најнормално си работи и бап плав екран. Повторно на сервис. Испадна дека цркнал хард дискот. Го заменија со нов.
После месец дена истиот проблем, почна прво плави екрани, па после ми кажуваше дека не го препознава хард дискот, па после не сакаше и да се уклучи. Од премиум ми кажаа дека пак отишол хард дискот, и дека му направиле реставравија. После краток период пак истиот проблем. Повторно на сервис, 2 недели беше на сервис, и на крај ми рекоа дека е матичната. Благодарение на Coure Sportivo ја сменивме и матичната. Овој пат не го носев на сервис, сам ја менував, пошто ми дојде преку глава од премиум. Ја сменив матичната, наместив се како што треба и повторно истиот проблем. Ми идеше да го акнам од земја и да го фрлам у канта. Додека ја чекав да стигне новата матична си купив нов рам од 2 гига. Незнам што ми текна, го извадив стариот рам и го ставив новиот. И комјутерот си се уклучи најнормално. Воедно баксуз и среќен, пак останав со 2 гига, али барем компутерот работи. После 2 месеца работење од време на време знаеше да замрзне и 5-10 секунди да биде смрзнат и после ке си се откочи и си работи најнормално. Проблемов почна се почесто да ми се појавува. Ајде викам ке му направам формат. Направив формат, работеше 2 дена и повторно почна да мрзне. Прво мрзнеше кога ке отвориш некоја програма како Chrome AIMP, после почна да мрзне и на десктоп без ништо да отвараш. Неколку дена го баталив. Ми дојде преку таквото. Ама пуста надежш, после некое време го уклучувам и несака да влезе во windows. Се појавува starting windows и стои тука едно 10-15 секунди и пак плав екран и рестарт. И се откажав, еве више месец дена не е уклучен.

Помагајте, кажувајте што може да му биде, неможе се да цркнува после 2 месеца. Сега се сомневам повторно во рамот или пак цело време трафото ја ебе работата. Кажувајте некој совет, зошто ке земам токмакот и ке го искршам. Ке прежалам 500 евра.

Ви благодарам однапред.

Отсутен mmm121

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3799
  • Ford Focus MKI 1.6 & MKII 1.4
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1099 на: 20 Август 2012, 12:38:27 pm »
пробај смени напојување..... како што те разбрав си сменил матична рам диск...... останува напојувањето

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34506
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1100 на: 20 Август 2012, 12:39:16 pm »
Жиле, да пробаш да ја извадиш батеријата од матичната на 5 минути па да реконфигурираш се по ред во БИОС. После тоа јас ќе ти дадам кабли да ги смениш сите САТА кабли. Мене ова ми изгледа на проблем со хард диск/ДВД-РОМ. Али треба да с епроба се комплет. РАМ меморија, ХДД, напојување.

Да ми го дадеш на сервис неколку дена евентуално да видиме како ќе се однесува со сменета РАМ и ХДД. Не го крши сигурно е некоја ситница.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1101 на: 20 Август 2012, 12:40:21 pm »
Како успеале да му направат реставрација на дискот ?

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8325
  • Плинаш!!!
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1102 на: 20 Август 2012, 12:54:07 pm »
пробај смени напојување..... како што те разбрав си сменил матична рам диск...... останува напојувањето
Па уште тоа остана
Жиле, да пробаш да ја извадиш батеријата од матичната на 5 минути па да реконфигурираш се по ред во БИОС. После тоа јас ќе ти дадам кабли да ги смениш сите САТА кабли. Мене ова ми изгледа на проблем со хард диск/ДВД-РОМ. Али треба да с епроба се комплет. РАМ меморија, ХДД, напојување.

Да ми го дадеш на сервис неколку дена евентуално да видиме како ќе се однесува со сменета РАМ и ХДД. Не го крши сигурно е некоја ситница.
Заборавив да пишам дека и режачот не чита цедиња, уште поодама, па формат му правев со Usb најверојатно и тој е рикнат, а во режачот само 2 пати имам ставено цд и тоа кога сум правел формат.
Фаланга ги сменив сите кабли, и ништо проблемот си остана. Ке пробам и со батеријата па ке пишам.
Инаку пред некој ден земав хард диск од Боки 160 гига и не го препознава. Можно е матичнава да не го подржува?
Ако имаш делови, да ти го донесам некој ден да видиме што е и да знам што да купам. Го чекам Казан да се врати од одмор, да му го дадам хардот и рамот да ги проба кај него да видам дали се исправни.
Како успеале да му направат реставрација на дискот ?
Појма немам.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1103 на: 20 Август 2012, 13:00:36 pm »
Слободно може да го донесеш кај мене на работа, од утре се враќам на работните обврски...

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8325
  • Плинаш!!!
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1104 на: 20 Август 2012, 13:06:46 pm »
Моментално немам скршен динар, имав смртен случај во фамилија, ако се понуди некој да го истестира и да го најде проблемот и да ме почека за пари ке му бидам многу благодарен.

Мене се неако ми иде дека е напојувањето. Неможе се да е чкарт на тој компјутер и да рика некој дел за 2-3 месеци а предходно да биде заменет со нов. Бев до анхоч пред некој ден да прашам колку пари е рам од 2 гига. Му го кажувам проблемот на продавачот и он ми вика матичната е. Му викам, сменета е пред 2-3 месеца и вика епа тогаш напојувањето е. Дали е можно напојувањето да го прави целиот проблем.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17679
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1105 на: 20 Август 2012, 13:07:55 pm »
Не ти требаат пари....

Ако те води пат накај К.Вода уште денес можеш да го донесеш кај мене.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8325
  • Плинаш!!!
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1106 на: 20 Август 2012, 13:13:06 pm »
Ај да видам како сум со планови денес, па ке ти пишам покасно.

Присутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2829
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1107 на: 20 Август 2012, 13:26:06 pm »
Мене ми звучи како да е рамот... скоро имав ваква слична ситуација.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8325
  • Плинаш!!!
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1108 на: 20 Август 2012, 13:30:51 pm »
Можно е пак да е рамот. Ама од што црка? Више трет рам е за 1 година. Неможе сите да имаат фабричка мана.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34506
  • Таков е животот... јебига
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #1109 на: 20 Август 2012, 13:45:49 pm »
Кога глави заради РАМ се глави и толку. Тешко дека ќе продолжи со работа ако е РАМ.