Дечки помагајте:
Се работи за компјутер pentium 4 quad core со i3 процесор со msi матична i 4 gb рам DDR 3(моментално има 2 gb) графичка g-force 240 и HDD WD 1TB и Windows 7 Ultimate
Го земавме компјутерот од Премиум компјутери. Сите среќни и задоволни од перформансите, си викам сега ке можам да играм игрици и ете ти уште третиот ден проблем. Кога ке го мрднеш кукиштето, се гасеше сам. Го вратив во премиум и испадна дека бил sata кабелот за hdd. Го сменија и си работеше добро едно 2 месеци. Па ми цркна едниот рам. Останав со 2gb.
После тоа почна да мава плави екрани. Ке го уклучам све најнормално си работи и бап плав екран. Повторно на сервис. Испадна дека цркнал хард дискот. Го заменија со нов.
После месец дена истиот проблем, почна прво плави екрани, па после ми кажуваше дека не го препознава хард дискот, па после не сакаше и да се уклучи. Од премиум ми кажаа дека пак отишол хард дискот, и дека му направиле реставравија. После краток период пак истиот проблем. Повторно на сервис, 2 недели беше на сервис, и на крај ми рекоа дека е матичната. Благодарение на Coure Sportivo ја сменивме и матичната. Овој пат не го носев на сервис, сам ја менував, пошто ми дојде преку глава од премиум. Ја сменив матичната, наместив се како што треба и повторно истиот проблем. Ми идеше да го акнам од земја и да го фрлам у канта. Додека ја чекав да стигне новата матична си купив нов рам од 2 гига. Незнам што ми текна, го извадив стариот рам и го ставив новиот. И комјутерот си се уклучи најнормално. Воедно баксуз и среќен, пак останав со 2 гига, али барем компутерот работи. После 2 месеца работење од време на време знаеше да замрзне и 5-10 секунди да биде смрзнат и после ке си се откочи и си работи најнормално. Проблемов почна се почесто да ми се појавува. Ајде викам ке му направам формат. Направив формат, работеше 2 дена и повторно почна да мрзне. Прво мрзнеше кога ке отвориш некоја програма како Chrome AIMP, после почна да мрзне и на десктоп без ништо да отвараш. Неколку дена го баталив. Ми дојде преку таквото. Ама пуста надежш, после некое време го уклучувам и несака да влезе во windows. Се појавува starting windows и стои тука едно 10-15 секунди и пак плав екран и рестарт. И се откажав, еве више месец дена не е уклучен.
Помагајте, кажувајте што може да му биде, неможе се да цркнува после 2 месеца. Сега се сомневам повторно во рамот или пак цело време трафото ја ебе работата. Кажувајте некој совет, зошто ке земам токмакот и ке го искршам. Ке прежалам 500 евра.
Ви благодарам однапред.