Јас можам да потврдам дека во животов никогаш не сум имал проблем со МСИ некој сериозен. Секогаш кога сум имал сум го решавал тоа со увозниците џентлменски, навремено и професионално. МСИ секогаш ми е на листата за избор заедно со Гигабајт. За разлика од Асус со кои сум имал проблеми како и со сите други но сум се мачел окулу гаранции, цени, докажување кој е во право и слично. Асус ми е секогаш на последно место баш поради тоа и поради фактот што на плочите ставаат некој си хардвер од господ заборавен, па некомпатибилен па да се изнамачиш додека проработиш машина како треба.
Кај сите производители има понекогаш такви срања како што му се случиле на Осмица, односно срањата ги прават нашиве нечесни импортери. Знаат дека купуваат дефектни производи по пониски цени, RMA и слично а после стискаат палци да не им се вратат под гаранција. Ама не паѓајте на тоа дека 3 плочи цркнале кај МСИ и дека МСИ не чини повеќе. МСИ е еден од ТОП5-те производители на хардвер, неприкосновено.