Да раскажам една приказна од лично искуство, некои тука ја знаат ама сепак во контекст на муабетов ќе ја кажам.
Една госпоѓица со лаптоп фаќа врски да дојде до мене да и го поправам и го донесе лаптопот, не се стартувал. Го земам, го пуштам и слушам дискот тропа.
Имав половен диск од 500Gb и пошто и се брзаше и и објаснувам што е проблемот и понудувам друг диск, прифаќам го заменувам, го инсталирам Windows, доаѓа и го зема. И наплаќам 2000 денари.
Се јавува вечерта вика ми ги нема податоците. И велам стариот диск ти е цркнат скроз, ти го заменив, податоците ти се сеуште на стариот диск. Ама податоците и требале имала слики. Велам, добро можеме да пробаме ама тоа ќе те кошта најмалце 10.000 денари. Се налутила девојката, јадела бабури наоколу како сум се испонашал а бекап нема сиротата. И добро, ми го враќа лаптопот, ми ги бара назад парите, си го земам дискот и го враќам стариот.
Нејсе. Помина година дена, колега од форум ми го носи иститот лаптоп, со истиот стар цркнат диск вика имам буџет 12.000 денари ај види пробај оправи го

Велам, минатиот пат го правев гратис, тогаш ми остана должа госпоѓицата 2000 денари за правење и враќање се назад уште 2000 денари. Сега веќе 12.000 денари не се 12.000 туку се 16.000 и нема никаква гаранција, тоа е само да пробам да го проработам дискот. Се сложија. Среќа дискотне беше сосем цркнат, успеав да ги извадам податоците, си плати 20.000 денари и си го зема лаптопот. На крај коментарот беше „Фала му на Бога, си ги вратив сликите“.
Ма сунце ви јебем крваво.