Не знам дали е соодветно место (тема) за прашање за избор на HDMI кабелче за да можам да гледам од лап топ на ТВ, гледам во Нептун се движат од 100 до 2000 денари, некоја препорака, гледам има некои Manhattan, S link slx 258, Sonorous Black 1130, Sony.....некој совет?
Сеедно кој ќе го земеш. Телевизорот ти е FullHD или 4К?
Мислам дека улога игра должината, да биде пократок за да избегнеш можен "glitch" момент.
Инаку, тие скапите мислам дека се за џабе толку скапи.
HDMI е дигитален протокол, должината на кабелот не е многу значајна како што беше VGA кој беше аналоген протокол.
Прави разлика ако е 1.5м до телевизор до, на пример, сакаш да го спроведеш под лајсни до другиот крај на собата (околу 10м)?
Не се сеќавам ова за сигурно, ама нешто ме советуваа на времето кога сакав ова да го направам - да не го правам.
По некое време стане досадно тоа да мора да станеш на секој потег, вака од далеку и лежејќи е правата ствар.
Со HDMI немаш гајле за должина.
Кажи точно колк метра ти треба па се пресметува тоа.
Имам видено кабли што биле ефтино ѓубре со едвај бакар унатре како од вуница направени, тоа ѓубре да е и метар долго пак нема да го бива. Менхетен не се лоши во принцип имаат квалитетни кабли ама кажи од прилика колку метра ти треба.
Ако видиш готов кабел HDMI од 15 метра значи кабелот е доволн квалитетен на таа должина да адде квалитетна снимка, не е дека сам ќе го кроиш па се секираш за должина.
@Filip MK зборува за од лаптоп до телевизор тоа сигурно не е 15 метра од соба до соба, пошто лаптопот е мобилен. Он зборува за метро ипол до 3. Ако има во продавница готов кабел од 3 метра што не е најефтин тогаш големи се шансите дека ќе има идеално квалитетна слика.
Мислам дека треба кабелот да задоволи HDMI V1.4 и се ќе биде во ред.