Ќе има мака мрежен кабел да поминува низ ѕид покрај цевки од парно низ кој поминува вода не повеќе од 50тина степени?
Кај мене коаксиален кабел со сигнал од кабелска така го поминав одвај без цревце ништо ете го 4 год. вози без проблем
Коаксијалниот е крут, можеш да го м'кнеш силеџиски.
LAN е обично многу нежен, па и најцврстиот не може да се мери со коаксијален и заради обвивка и заради самите жици во кабелот.
Затоа му реков на златниот, опни пошироко црево и кога и да ти текне во иднина можеш да бутнеш жица за шаловање и да влечеш кабел со леснотија.
Кај мене тоа се случи и успеа на преку 15 метри должина

Знам, лудо звучи - ама не е, алал му вера на електричарот што ми кажа на време

Патем, разликата во цена на ширина од 15мм до 18мм, 22мм или пошироко не е некоја опасна бројка.
Топла препорака до кој и да го прави ова истото, да стави поголемо за полесно снаоѓање.
