Автор Тема: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...  (Прочитано 1177972 пати)

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8645
  • Пичлеме
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11265 на: 17 Октомври 2020, 14:44:41 pm »
Сношти го преебав конекторот од лаптопот каде што влегува полначот за батеријата:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Го најдов на али експрес, ама кој ќе чекал еден куп време, па некој да не имал менувано, поправано некаде (сервисите на Анхоч, Сетек...), каде што нема да чекам 1 месец. Ќе прашам во Логинг дали има се наоѓа на залиха (пробав со срч, вади 171 страна со слични ствари :) ).

Види во sezalaptop држат вакви работи обично.
Бев да прашам дали имаат, да си купам во случај да попушти залеменото (додека стигни од чичко али), имаат, ама не продаваат, само заменуваат... 1500 денари :)

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11266 на: 19 Октомври 2020, 23:58:21 pm »
Дечки барам рам на страните од продавнициве за IT, ама неможам да најдам.
Станува збор за овој модел кој е моментално на Лаптопот

Samsung M471B5273DH0-CH9 4GB PC3-10600S-09-11-F3 2Rx8 1333MHz 204pin Laptop / Notebook SODIMM CL9 1.5V Non-ECC DDR3 Memory
барам нешто слично на ова да дуплирам за 8гб да има рам ама како што реков тешко ми иде, или па веќе се стари чудава?
Чаре некое?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11267 на: 20 Октомври 2020, 06:49:07 am »
Битните работи ти се 4GB SODIMM DDR3 за пребарување, со другите параметри не се мучи многу. Koga ќе најдеш, глеј да не биде low voltage 1.35V, пошто може да не ти ја поддржи лаптопот.
https://www.anhoch.com/product/13105/sodimm-notebook-memory-kingston-4gb-cl11-ddr3-1600-mhz-sr

Тоа што е на 1600Mhz не би требало да игра улога, мада знае некад ретко да биде проблем...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11268 на: 20 Октомври 2020, 09:08:11 am »
Не прави никаков проблем тоа, имам испробано кај татко ми. Му го спремав лаптопот за платформата за учење на далечина со уште една иста ваква плочка како од линкот на Симо. Едниот рам е PC3-10600 1333MHz, а другиот е PC3-12800 1600MHz и си работат без проблем. Се наоѓаат на ист Clock latency CL11, така да убаво се синхронизираат.

Битно е @зоки-златен да е DDR3, да го има истиот број на пинови (204) и се разбира, матичната да поддржува, што најверојатно сите услови се исполнети.

Од кога ќе ја наместиш физички, провери си одма во BIOS дали ти ја има прочитано, ќе си пишува 8192MB.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11269 на: 20 Октомври 2020, 12:37:18 pm »
Фала пуно, ќе вртам по продавнициве да видам кој што има.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11270 на: 20 Октомври 2020, 16:04:23 pm »
Ова ќе брка работа значи?
https://m.anhoch.com/product/13105/sodimm-notebook-memory-kingston-4gb-cl11-ddr3-1600-mhz-sr
Листајќи по страниве и гледајќи што се искочило, компјутерите ми станале шпанско село...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11271 на: 20 Октомври 2020, 16:05:30 pm »
Ова ќе брка работа значи?
https://m.anhoch.com/product/13105/sodimm-notebook-memory-kingston-4gb-cl11-ddr3-1600-mhz-sr
Листајќи по страниве и гледајќи што се искочило, компјутерите ми станале шпанско село...
Добредојде во клубот  :)

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1623
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11272 на: 22 Октомври 2020, 23:20:34 pm »
SSD е препорачливо да е со ГПТ. Уклучуваш CSM во биос, местиш UEFI only и инсталираш win10.
Кој е на стандардното место, а кој е во caddy-то? Не дека има некоја посебна врска, ама да ми помине мислата.

Ух, да. Може да има врска, на првите генерации лаптопи со UEFI boot, знае да напраи проблеми со бутирање.
Конечно, го решив проблемот, па да споделам.

Како што имав постирано погоре пост од некој друг форум, решението е следно:

Двата диска да се во MBR формат и во BIOS secured boot disabled со активиран Legacy support и примарно Legacy Boot.

Мислам дека е доста специфичен проблем, можеби ќе ви се најде за некој постар систем (laptop или pc) ако сакате да ставите ССД.

Фала ви за советите :)



D-r Ordevski

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20107
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11273 на: 23 Октомври 2020, 04:01:19 am »
Грешно ти е наместен сега биосот за правилна работа на ССД. Треба да ти е Secure boot и не така битно, но треба изгасен legacy за windows да се инсталира со GPT формат.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11274 на: 23 Октомври 2020, 08:26:56 am »
Ништо нема да му фали и со МБР, само ќе има малку поспор бут. Кога веќе не може со UEFI да го натера да бутира од SSD-то, тогаш MBR е сосема ОК. Нема да му се расипе SSD-то ако има MBR партиции.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Ordevski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1623
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11275 на: 23 Октомври 2020, 10:20:09 am »
Грешно ти е наместен сега биосот за правилна работа на ССД. Треба да ти е Secure boot и не така битно, но треба изгасен legacy за windows да се инсталира со GPT формат.
Пробав секако, ако е и хдд во лаптоп имам проблем. Единствено решение од дечкото од Tom's hardware форумот што нашол. Имаат на Леново форум пишувано за проблемот, таму дури и немаат најдено решение.
Ништо нема да му фали и со МБР, само ќе има малку поспор бут. Кога веќе не може со UEFI да го натера да бутира од SSD-то, тогаш MBR е сосема ОК. Нема да му се расипе SSD-то ако има MBR партиции.
Јас сум пресреќен со брзината на бутирање, се рестартира од виндоус назад до виндоус за 20 секунди. Па со хдд-то само кога беше повеќе време само за shut down му требаше :)

D-r Ordevski


Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11276 на: 27 Октомври 2020, 21:00:33 pm »
Битните работи ти се 4GB SODIMM DDR3 за пребарување, со другите параметри не се мучи многу. Koga ќе најдеш, глеј да не биде low voltage 1.35V, пошто може да не ти ја поддржи лаптопот.
https://www.anhoch.com/product/13105/sodimm-notebook-memory-kingston-4gb-cl11-ddr3-1600-mhz-sr

Тоа што е на 1600Mhz не би требало да игра улога, мада знае некад ретко да биде проблем...
Додаток успешен, го земав истиов од линкот и му го ставив, го чита.
Фала ви дечки, фала ти @Simo - Carrier159  уште еднаш за замарањето. А кога сме веќе кај замарањето, што SSD? ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11277 на: 27 Октомври 2020, 21:16:13 pm »
Битните работи ти се 4GB SODIMM DDR3 за пребарување, со другите параметри не се мучи многу. Koga ќе најдеш, глеј да не биде low voltage 1.35V, пошто може да не ти ја поддржи лаптопот.
https://www.anhoch.com/product/13105/sodimm-notebook-memory-kingston-4gb-cl11-ddr3-1600-mhz-sr

Тоа што е на 1600Mhz не би требало да игра улога, мада знае некад ретко да биде проблем...
Додаток успешен, го земав истиов од линкот и му го ставив, го чита.
Фала ви дечки, фала ти @Simo - Carrier159  уште еднаш за замарањето. А кога сме веќе кај замарањето, што SSD? ;D

Паа кааадее беее без ССД?! ;D

https://www.anhoch.com/product/16919/ssd-25-samsung-860-evo-250gb-sata3-mz76e250b

И ќе си купиш една фиока за ЦеДе, да си го брцнеш стариот диск, ако сакаш да се замараш: https://www.anhoch.com/product/37727/ssdhdd-caddy-for-notebook-odd-slot-127mm

И лаптопот ќе се препороди, како од втора декада на овој век ќе биде.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7055
  • хаУс мајстор
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11278 на: 27 Октомври 2020, 21:54:35 pm »
Абе каде... Од телефониве искрено јас немам седнато ни на десктоп ни на лаптоп. Ова со рамови се нафатив ради шизикот, сакал GTA V да игра, а од друга страна па лаптопот си има основа за надградба да си вози игри од тој калибар.
Инсталирав Виндоус 10 и зјапам како муле, јас застанав во времето на XP, малку време фатив на 7ца и толку беше. Ќе го имам во план и овој апгрејд.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Матични, SSD, HDD, RAM, тајминзи и рандом IT ствари...
« Одговори #11279 на: 27 Октомври 2020, 22:03:29 pm »
Абе каде... Од телефониве искрено јас немам седнато ни на десктоп ни на лаптоп. Ова со рамови се нафатив ради шизикот, сакал GTA V да игра, а од друга страна па лаптопот си има основа за надградба да си вози игри од тој калибар.
Инсталирав Виндоус 10 и зјапам како муле, јас застанав во времето на XP, малку време фатив на 7ца и толку беше. Ќе го имам во план и овој апгрејд.
Друже, мора да одиме на пиво некад за муабетов.