4000 за 1050 е премија над премиите премиски.
Стеф ми е другарче, тој ја даде 1050 за многу поефтино исто така на другар така да тоа не е референтна цена. Како што рече @Deni 4000 за 1050 е баш премија.
Види, LGA775 конфигурација има смисла само ако некој ти ги поклони тие компоненти. Ако веќе даваш 20 евра за 9550, подобро со тие 20 евра земи H61 или H81 плоча. А процесор лесно ќе најдеш за неа, јас еве ќе ти дадам G2020 на поклон, пошто до толку се ефтини а ќе ти врши работа и подобро од Q9550 а ќе имаш далеку посовремена и подолготрајна машина, ќе можеш после i5-ка да лапнеш за 2000 денари.
Види, сфаќам дека се ставив во истата ситуација како сите кога доаѓале да ме прашуваат за сивет за ПЦ одамна.
Мене ми е јасно дека секогаш поновото е подобро, али у случајов мн ми се комплицира менување на матична. Не заборавај, треба друга меморија, кулер, па што ќе правам со стариве делови итн итн
А ја само сакав малку понормално да ми работеше ПЦ то
Најпрвин тргнав со намера да барам некоја најобична графичка, пошо оваа ми јаде од рамот и нешо ко да не е баш арна. После, ми текна дека Казан нешо слично ко мене праеше, па ај да видам со колку ќе ме чини тоа.
И заебот, завршив на форум
чисто да не има некој клабер со деловите што ми требаат.
Тема ко тема, ме потсети ко онаа за Киа Сидот
Здравје, ќе видам со Казан колку како за 1050, со 8 за цпу и рам, ако се најдеме супер, ако не живи бидели.