ДеЌки, при промена на термална паста на лаптоп, дали треба да се стави пастата на чиповите и ладилникот, или само на чиповите?
Нема врска каде ќе ставиш битно да се осигураш дека добро ќе се размачка и чипот и хитсинкот да бидат чисти пред ставање паста.
Башка, нормално ли е да подзамирисува малку како на гума/пластика после промената?
Не, не е нормално. Освен ако пастата нема изразен мирис а пластика, ама таква не сум сретнал до сега.
Учинив тоа пред некое време, и се осеќа некој мирис од кај вентилаторот, башка што ми се чини дека пак загрева повеќе од што би требало 
Провери дали штрафчињата ти со добро заштрафени, да не си скокнал некој канал во гвинтот. Да не не лежи хитсинкот нормално?
Има и друг штос, ако некој од VRM деловите веќе почнува да црка, ќе пушта ненормална волтажа на процесорот и тој сакал нејќел ќе грее повеќе додека не цркне. Ти и водено ладење стави му он ќе грее многу.
Пробај изврши ја активноста уште еднаш, пробај изврши мониторинг на волтажи, да видиме дали е технички или логички проблемот.