@Tesla @AUUUЛапопот се користи секој ден интензивно и се пренесува. Секој ден од дома го носам на работа, потоа каде и да одам на пат е со мене и на крај пак дома го користам како персонален.
Се користи највеќе за работа, пишување на извештаи кои имаат голем нумерички дел така да нумеричката тастатура е обавезна. Дома го користам за гледање филмови и серии кога како.
Во глобала игри не играм воопшто така да тоа не ми е битно. Сепак сакам да има Фулл ХД Екран, 15,6" дијагонала
ССД да е барем 256ГБ доколку е комбинирано со ХДД или доколку е само ССД би сакал 512, но за мојот буџет тоа тешко така да не ни гледам многу.
Лаптопи не сум гледал одамна па не ги разбирам батериите. Но како што гледав сега барем да е 3 ќелиски, што повеќе тоа подобро. Тежината многу не ми менува колкава е зошто во глобала многу малце го носам со мене кога сум пеш.
Процесор како што гледав само мора да е 8ма генерација на интел, дали 8250 или 8550 не ми игра улога воопшто. Рам би сакал барем 8ГБ но доколку дозволува буџетот радо би си доплатил и за 16ГБ.
Буџетот ми е максимум до 50.000 денари, но и под тоа би било супер

Сеа знам дека ова се само желби и некаде ќе мора да се направи компромис но тоа е.