НејЧам мултицитат постови, ама ајде - кога се мора, се мора.

Баче, те лажат дека нема глупи прашања. Ај, вака, да те прашам Дали твоите дома знаат дека си педер?
И те молам не ми одговарај друго, само одговори со ДА или НЕ.
Хаха, па ова и не е прашање туку провокација... само што си ја поставил во прашална форма.

Нешто како, „Ти глуп да не си, или само така те викаат?“

Епа исто и твоето прашање. Механички дискови е множество на иљадници различни елементи, а V300 е само еден елемент... Во множеството на механички дискови постојат многу дискови со далеку поголема доверливост од V300, а постојат и многу со далеку помала, а постојат и такви кои се слично доверливи.
Ти озбилно сакаш да кажеш дека
(бирај ги, кои сакаш, најсигурните на свет) механички дискови, макар и теоретски може да се побезбедни од SSD, во работни околини како преносни компјутери?
Практично тврдиш дека постојат механички дискови (вметни по твој избор) кои се поиздржливи на греење, и на механички потреси... по... доверливи од SSD? (реални услови при употреба на лаптоп).
Воопшто не се согласувам. Очигледно не си видел и полоши ССД-a од V300, на пример SSD Verbatim 256GB само со уште поспор асинхрон NAND и многу полош контролер од SF2281.
Зборував генерално, не за конкретни серии со документирани проблеми. Ти па обратно правиш, зборуваш конкретно за V300 ама не наведуваш документирани проблеми - туку генерализираш за сандфорс 2281 контролерот кој сам по себе воопшто не е толку лош, колку што миљон фирми го користат во рандом ССД со генеричкиот фирмвер, без да оптмизираат за нанд-овите и другитe компоненти што ги употребиле.
Ова твоево како да споредуваш некои Рено и Дачиа со ист мотор, како да е истото ауто...

Реалност било дека 20% повисока цена е преголема разлика за двојно поголеми перформанси, 4% поглем капацитет и далеку поголема доверливост?!?
А зошто да застанеш на EVO? Нели PRO е подобар?
Зошто па да застанеш и на PRO, зошто не некој PCIe Gen2 x8 SSD?
Kаде е крајот? ??

Те молам цитирај го делот каде ВелеШтрумф рекол дека е ограничен со буџетот на цената по која се продава отпадокот...
Каде тоа јас реков дека конкретно за Велештрумпф штрумпфувам?

Други луѓе не ли го читаат форумов? Или можеби се збуни па мислеше дека на ПП имате приватна преписка со Веле?
...можеш да се согласиш дека и ти некогаш купуваш нешто кое вреди најмногу за парите, а не најефтиното нешто. Можеби ти кога си го купувал така си мислел, но V300 никогаш не бил ниту бестбај ниту гудбај, туку бил „дај шта даш“ лоубаџет бај. Тоа што СЕТЕК ги продава V300 на кило, не ги прави ниту добри ниту доверливи.
Пак губиш осет за објективност, твојот и мојот (или на некој друг), бестбај,
не се исти. Ниту па може да се исти. Пошто различни разбирања имаме, различни потреби имаме, и со различни финансии располагаме.
За мене мојот V300 си e супер, да знаеш дека
мене мојот V300 ми е подобар од твојот реид со Х комада EVO.
(да беше по твое, компании како Фолксваген, Шкода, Сеат... сите ќе пропаднеа, пошто нели - сите треба да возат Мерцедеси, БеЕмВе, Ауди...)И не велам дека V300 се доверливи затоа што СЕТЕК ги продава, туку затоа што тоа го зборуваат емпириските податоци за број на дефекти во однос на бројот на продадени единици. И тоа го покажуваат
личните искуства на корисниците, и моето, а ете и други ти посочија свои лични искуства. Или па прашај бе сервисери кои ги сервисираат. Погледај некои
реални податоци.
Пак ќе ти повторам, не зборувај на памет, генерализираш како да сите SSD-а со сандфорс 2281 се едни и исти.
Неспоредливо побрз е и кинески скутер од 50cc во однос на одење пеш, ама тоа не го прави ОК и прекрасно возило.
Не спорам, ама пробај исклучиво пеш да комутираш - па после кажи дека и кинески скутер од 50cc не е добра работа.
Се согласувам, па согласно ова кое го велиш, најдолната скала не е најдобриот и најсоодветниот избор.
Твојата најниска скала, за некој можеби е највисоката скала. Повторно гледаш според
твоите лични можности и потреби. И необјективен си за V300, има и поевтни и поинфериорни производи - и ти тоа многу добро го знаеш.
За разлика од мене, ти немаш квалитетно SSD, а за само 20% повеќе пари си можел да добиеш драстично подобро SSD (50 евра vs 60 евра). Во мојот случај за 215% од цената ќе сум добиел 120% од перформансите, а во твојот случај за 120% ќе си добиел 215% од перформансите. Кој донел ретардирана одлука, јас или ти?
Не ти иде читањето добро? Напишав поназад дека мојот V300 е од првите што ги донесоа. Пред разликата до EVO да биде таква каква што е сега. И пред да излезат моментите дека Кингстон почнал да става поспори нанд чипови.
Понатаму гледам дека често ги поистоветуваш поимите
квалитет и
перформанси. Тотално е можно нешто со послаби перформанси да има добар квалитет (и вајс верса). Јас лично правам компромис од аспект на перформансите (и ти правиш, сеедно што не признаваш), ама со квалитетот не се заебавам. Не сум толку богат да купувам неквалитетни работи. Никад не би купил нешто со познати проблеми во квалитет, а проблемите кои ги спомнуваш погоре се од аспект на перформанси а не заради неквалитет.
За мене тој V300, по таа дилерска цена, беше убедливо факинг нај-бестбај могуч - во
тоа време, и
на тоа место, и со
тие пари со кои располагав (за ССД). И фала му на бога, засега добро ме служи. Пак ќе кажам, за мене е супер.
Нубови кои од дрвото не можат да ја видат шумата. За ладење на отпадното горивото се потребни неколку десетини kW ладилна моќ, а за ладење на реакторот се потербни неколку стотини MW ладилна моќ (во зависност од видот и моќноста на реакторот). За такви нубови зборувам кои немаат претстава колку грее реактор, а колку отпадно гориво и кои нешто прочитале и мислат дека знаат многу, а поима немаат но тоа не им смета да влегуваат во дискусии каде држат предавања и солат памет.
Ај да се договориме да не идеме офтопик, и ова да го продолжиме на соодветната тема, каде што некој (нуб?) напиша дека, цитирам: „
Ладењето кај нуклеарките се прави исклучиво за ладење на реакторите.“ Или па пак прај се на тошо, што и да е - само не ме носи во офтопик.
Иначе мене навистина не ми е јасно зошто би било окарактеризирано како „држење предавања и солење памет“, моето едноставно земање учество во дискусија со свое лично мислење. Само заради тоа што истото не се поклопува со твоето мислење?
Уште повеќе глупости. Ако сакав да го купам најдобриот тогаш, тоа немаше да биде мониторот на Епл. Ќе беше NEC кој е за нијанси подобар од Dell-от кој го имам, но е повеќе од двојно поскап(700 евра vs 1500 евра).
Повторно ја промашуваш поентата, овојпат претпоставувам намерно.
Ај да повторам, овојпат можеби ќе разбереш (или нема да спинуваш): Воопшто не е работата колку добар избор Ти си направил, според твоите лични убедувања... Или колку лош избор јас сум направил (повторно според според твоите лични убедувања).
Работата е дека
секогаш ќе има нешто што е подобро и поскапо, а кое нема да можеш да си го дозволиш (или нема да сакаш да дадеш толку пари).