Вистина е дека „замрзнувањето„ понекогаш функционира. Но само во случаите кога проблемот е во механиката на дискот, и тоа поконкретно во калибрација на главата/главите.
Имено главата мора стои на фиксна висина над површината на дискот, со таа цел држачите на главите се термокалибрираат одвреме навреме (во зависност од загревањето/ладењето). Заради таа термокалибрација со тек на времето се јавува замор на материјалот, држачот тогаш не може правилно да се термокалибрира, и со тоа не може правилно да ја позиционира главата. Ова обично е пропратено со клик-клик-клик-клик-клик звук, често познат и по називот „клик на смртта„.

Имаше една серија на IBM што од мило ја звикаа Deathstar (наместо deskstar), девет десетини од нив завршуваа со „клик на смртта„.

(после Хитачи им ја откупи хард диск
Deathstar Deskstar технологијата, и зачудо направи солидни дискови од тоа)
Како и да е, „замрзнувањето„ навистина понекогаш функционира... во случаите кога проблемот е во термокалибрацијата. Целата работа краткотрајно помага, треба да се биде спремен за што побрзо спасување податоци.