Па у основа, да го пензионирам веќе Голиатот од Анхоч, да имам ПЦ што нема да го мислам извесно време, на кое ќе можам чат-пат да поиграм нешто од Стим, иако првенствено ми е конзолата за играње, така да, не би мавал ептен голем акцент на најдобрата можна графичка достапна на пазарот, туку нешто поприфатливо.
Фала ви на сите за предлозите!
Да попрецизирам, би одел со минимум 32 ГБ РАМ, што се тиче процесор, не знам дали АМД или Интел, и кој процесор со која графичка е покомпатибилен. Едно време чинам дека АМД беа со АТи покомпатибилни, а Интел со нВидиа. Појма неам дали е сеуште така.
Би сакал посоодветно и тивко напојување и ладење, нејќам да брчи многу многу. Веќе имам 2 ТБ Самсунг 870 ЕВО, така да, и тој момент е покриен.
Не ти прави никаква разлика дали ќе земеш Интел или АМД во принцип од аспект на компатибилност. АМД е подобра варијанта во моментов, затоа што ако земеш 14gen Intel после не можеш да надградиш само процесор, мораш целата платформа да ја смениш. Ако земеш АМД, спремен си за наредните 3 или 4 генерации на процесори да не менуваш плоча. Јас лично немам преференца, и едното е добро и другото, би одел со АМД исклучиво ради причината погоре. Јас би одел со 8 јадрен Ryzen 7800x сега, а после неколку години ако ти затреба ќе надградиш на 9та или 10та генерација, матичната ќе ти поддржи. Ако си љубител на интел и ти се чека до зимоска, ќе испадне нова платформа LGA1851 со нови процесори.
Матична плоча ти треба мидрејнџ или ентри левел некоја не поскапа од 200-220 евра. Ќе видиш многу поскапи ама не ти треба реално. Внимавај само да земеш одговарачко куќиште. Имаш стандарни плочи и помали плочи, соодветно на тоа и повисоки и пониски куќишта.
Графичка карта ти е доволна некоја од рангот на Geforce 4060Ti или 5060Ti ама да е со 16Gb VRAM, немој да земаш со 8Gb во ниеден случај. Не пиша каков монитор имаш, појако ќе ти треба ако имаш 4к екран, па за гејминг добро ќе дојде. Ако имаш FHD или 2к доволна ти е 4060Ti/5060Ti со 16Gb RAM. Ако начекаш добар дил исто добро би било и 4070 на пример ама не поскапо од тоа.
ССД дефинитивно да земеш PCI-E 4.0 NVME драјв од минимум 1Tb. Преферирај со вграден heatsink или пак земи афтермаркет некое, ама обавезно да имаш heatsink.
Напојување земаш од позната марка, како Be-Quiet, Coolermaster, Seasonic, Antec, Thermaltake, сите се подеднакво добри и тивки. За „тивкоќа“ повеќе улога игра какво куќиште со какви вентилатори ќе земеш и е ствар на вкус. Ако е тивко треба и да ти се свиѓа.
Кулер за процесор, ако земеш интел 10 јадрен или слично можеш да поминеш со воздушно ладење на пример ако земеш 14600. Во тој случај ќе поминеш со tower cooler со 6 цефки минимум. Ако одиш со појак процесор ќе мораш водено ладење ама не ти препорачувам. Гласно може да е и си носи ризици. Ако земеш 8 или 12 јадрен АМД секако поминуваш со воздушен кулер со 6 цефки. по водено ладење немој да се леташ, скапи се и не се толку reliable.
Ѕвони ако имаш дополнително прашања