Што цена се движи ХД дримбокс?и шерингот,ама да не сецка никад,поготово на лига шампиони?
Планираме со комшија да ставиме на кров на зграда тањир,па до стан би имало сигурно преку 25 метри кабел.
Има некое ограничување на должина на кабел,за да не слабее сигналот од антена?
Нешто помалце од 200е, рисиверот - DM500HD (клон, не оригинал). Сецкањето е до шерингот, ако е добар шерингот нема да сецка. RG6 е кабелот, за губиток не би знаел, 25м не се премногу.
Ако зимате заеднички тањир а посебни рисивери има 2 зезанции:
1. Ако не земете мотор за антената ќе глеате само 1 сателит (пример германско или итаљанско или англиско скај)
2. Ако земете мотор за антената ќе можете (во зависност од тоа како е позиционирана) да гледате неколку сателити, НО само еден ќе може да го контролира вртењето на антената, па и другиот ќе мора да го гледа истиот сателит. На некои сателити има повеќе пакети (на 19,2 има скај германско, шпански пакет и уште некои други на пр.)