да... сведок сум, дека низ виница, има такви за 4.000 што работат... и да не верувате ама во тетовскиот крај има такви кои во истата индустрија работат за 5-6.000 по 12 саати на ден...
инаку, поентата на овој пост што сакав да го пишам е ЕДНО МОЕ РАЗОЧАРУВАЊЕ што денес го доживеав...
имено, овие 2-3 дена ги спремам договорите и фактурите за тековни одржувања на системи, кои редовно ги правам секоја година низ 4-ти месец.
запањен сум дека од целата бројка на клиенти што ја имам, дури 17 семејства (мои клиенти, на кои сум им местел некаков систем дали само за греење или и солари) се исслиле во последниве 2-3 месеци ВО СТРАНСТВО.. значи не мигрирале во скопје, туку чарето надвор си го бараат... 17 семејства ја напуштиле државата засекогаш. 2-ца од нив се од радовиш.. лани парно им турав, едниот од нив и куќа изгради ганц нова, годинава више ги нема... значи, ете, тие 2 семејства, (како и повеќето кои се одлчуваат да инвестираат во парно и квалитетни солари) имаат колку толку, подобри примања, што значи финансиите не им се баш нај големиот проблем...
поентата ми е дека, парите не им се пресудни, а сепак се одлучиле патот да си го фатат надвор... некои од нив ги добив на меил, некои телефоните ги оставиле по комшии-пријатели-роднини.. еден меил што го прочитав, некако како потресен сум, кога го почна ЦРНА СЕ ЧУМА ЗАДАДЕ, ТАМ ДОЛУ МАКЕДОНИЈА... и почна да плаче како му е криво, и жал и се тоа, ама му дошол животот до точка на неподносливост.. баш тој имаше релативно добро развиен бизнис, со неколку сегменти за сервис на автомобилизмот, плус стовариште за градежни материјали...