Автор Тема: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...  (Прочитано 474644 пати)

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4087
  • MadaFunker
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #870 на: 24 Јануари 2014, 00:01:34 am »
Дечки нарачувал некој производи со цена над 45 евра? Како оди оданочувањето и царината? Денеска правев муабет со поштарот и ми вети дека ке се распраша како оди постапката, и спомна некаков каталог во царина. Ко божем по него ги царинеле производите..Некој инфо за  ова.

Зависи каков им е денот на царинците. Јас имам порачки од околу 100 долари па ме немаат царинето, еден пријател порачуваше некои делови за лап топ 45-50е па го офрешија.
New blood of old school

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 541
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #871 на: 24 Јануари 2014, 15:04:21 pm »
Дечки нарачувал некој производи со цена над 45 евра? Како оди оданочувањето и царината? Денеска правев муабет со поштарот и ми вети дека ке се распраша како оди постапката, и спомна некаков каталог во царина. Ко божем по него ги царинеле производите..Некој инфо за  ова.
www.customs.gov.mk
На странава ќе си го симнеш водичот за царинење и таму има колку % данок и царина е за одредена роба. Според тоа можеш да си пресметаш колку би те коштало.
Ако иде преку нашава пошта ќе си додадеш во сумата плус некои 200 денари за отварање и проценка на пакетот.
Ако е преку дхл или другиве брзи пратки давачките се поголеми.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #872 на: 24 Јануари 2014, 23:15:43 pm »
^^ фала друже ке погледам. ;)
« Последно менување: 24 Јануари 2014, 23:47:27 pm deanMKD »

Отсутен Pistorij

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 984
  • ECU rejected...
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #873 на: 25 Јануари 2014, 19:19:00 pm »
Ми стигна кулер за лаптоп од ибеј и знаете што?
не работи.
Го монтирав, па го сликав како ги мерам пиновите дека имаат волтажа а дека кулерот не врти.
Чекам одговор од продавачот.

Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5433
  • Пиши лаже
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #874 на: 25 Јануари 2014, 19:25:22 pm »
Денес ми стигна пратка од DX, нарачана на 9/18/2013. Веќе и заборавив на тие пратки. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #875 на: 25 Јануари 2014, 19:28:29 pm »
Денес ми стигна пратка од DX, нарачана на 9/18/2013. Веќе и заборавив на тие пратки. :)
значи има надеж... да стигне и мојата пратка од 16/11/13

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #876 на: 25 Јануари 2014, 19:32:43 pm »
^- За 2 месеца ;D

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #877 на: 27 Јануари 2014, 14:35:57 pm »
Не бе какви 2 месеца... стигна сабајлево..
и стигна писменце од царина да им однесам документи... Ме растрчаа малце ама нема везе.
битно пратката треба да си ја подигнам пратката од кај мене од пошта а не од главната !!!
и таму да платам царина која незнам колку ќе биде.

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9200
  • Аstra la vista baby !
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #878 на: 28 Јануари 2014, 16:00:23 pm »
Дечки, ќе може некој накратко да ми објасни како се нарачува на АлиЕкспрес ?

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 541
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #879 на: 28 Јануари 2014, 16:23:12 pm »
1. Правиш профил
2. Бираш што ти треба, пазиш да има добар рејтинг продавачот(слично како ибеј)
3. Идеш чек аут и внесуваш адреса(доколку не е истата што ти е во профилот) и информации од картичката.
3.1 Картицата мора да е со намена за електронско плаќање. Според мене најасална е виза електрон од Уни банка.
4. Чекаш едно месец дена да стигне пратката.

Отсутен ZeroCool

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 85
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #880 на: 28 Јануари 2014, 18:54:19 pm »
Денес ми стигна пратка од DX, нарачана на 9/18/2013. Веќе и заборавив на тие пратки. :)

Јас еднаш нарачав од dx и не ми стигна после 2 месеци ми ги вратиа парите, од ebay i buyincoins се ми има стигнато до сега, освен пред нова година нешто закасни и нешто не стигна воопшто

Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5433
  • Пиши лаже
Одг:
« Одговори #881 на: 28 Јануари 2014, 19:21:02 pm »
Ми стаса мејл за една од нарачките дека ми ја изгубиле, и дали сакам рефунд. Јас секако си побарав рефунд. :)
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен maci

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1319
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #882 на: 31 Јануари 2014, 08:49:39 am »
Денес ми стигна пратка од DX, нарачана на 9/18/2013. Веќе и заборавив на тие пратки. :)
значи има надеж... да стигне и мојата пратка од 16/11/13

и јас чекам една пратка со слична дата како твојата од дх.
имале застој во македонска пошта.многу пратки а малку вработени....греота.
форд фиеста 1,4 тдци

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 634
  • Сузуки Витариче
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #883 на: 31 Јануари 2014, 09:10:45 am »
Мене во последниот месец ми стигнаа 4 пратки.
2х DX.com, 1x miniinthebox.com и 1х aliexpress. Шипингот на ниту една не беше повеќе од 1 месец, последната од ali стигна само за 18 дена од Хонк Конг.

Потпис.

Отсутен DayWalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3063
  • Ќебапбрингер!
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #884 на: 31 Јануари 2014, 20:34:45 pm »
Дечки има некој инфо што се дешава со пратките заглавени у Прага, имам доста таму. И сеа се тие Кинеските празници, се ќе касни да знаете.