Обично на Али Кинезот му требаат 4-6 дена да ти ја пушти пратката. Значи плаќаш, за два дена ти стига на мејл дека успешно е платено и трансакцијата ти е вред. Муабетам за China Post Air Mail. Откако кинезот ќе ја прати ќе ти дреме кај нив додека не направат "ова тамо ова онамо - 2 недели. Е после 15тина дена од успешното плаќање ќе стигне у Србија тамо на граница и ќе се заборави. Тоа неопределено релативно време

Порано не стигаше тамо, директно одеше во Прага и затоа беше побрзо. После тоа како што кажав стига во Прага - Чешка. Тамо се задржува 4-8 дена па го праќаат за Скопје. Откако ќе стигне кај нас им треба 1-2 дена да го распределат по региони општински пошти. Како на пример за Скопје стигаат на Железничка па ако си од Ѓорче за 2 дена ќе го имаш во поштата во Ѓорче... тамо на 4тиот шалтер на крај. За подигање ти треба само лична карта. Ако не сакаш да си го земеш веднаш, ќе почекаш да дојде чичко поштар. Обично кај мене се брзи, за 4 дена го носат.
Се случува тоа што си го порачал да не стигне па кинезот да се правда со тоа што он го пратил уште тој и тој ден. Но нели тебе не те интересира тоа. Па ти прави екстендед уште 1 месец од понудените два месеца и ти вика плиииииис дир френд бе пејшнт. И оп, гледаш стигнале.
... и така.
