Еден совет при нарачување од алиекспрес па и од некоја друга интернет страна.Пред да нарачате нешто,чачнете на нет,некоја информација за производот,прашајте го продавачот дали производот го има тоа и тоа.Ако ви потврди дека е се како што треба,направете нарачка.За околу 20дена стигнуваат.Откако ќе ви стигне пакетот,не е лошо да снимате клипче како го отварате пакетот,нека си има доказ ако нешто не е како што треба.Бидејќи ако производот не е во ред,или не е како што сте го нарачале,можете да поднесете приговор,со слика од разговорот која кажува дека продавачот наведил дека производот го има тоа и тоа.Едно клипче од производот кој е кај вас,со кој ќе докажете дека нешто не е во ред.
Јас имав таков случај,но со приговорот докажав дека сум во право и во рок од 5-6 дена сумата ми ја рефундираа.
п.с Со интернет картичка од стопанска си ја направив нарачката.