Автор Тема: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...  (Прочитано 475648 пати)

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9214
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #645 на: 12 Октомври 2013, 20:15:06 pm »
има шанса некако да се намали шипингот од нет страниве ?

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7610
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #646 на: 12 Октомври 2013, 20:18:19 pm »
http://www.ebay.com/itm/Front-Strut-Tower-Bar-Mazda-MX6-Ford-Probe-RS-LS-93-96-/231058846609?vxp=mtr&hash=item35cc2e3391
Сакам да ја купам шипкава
Преку кој од членовите може да го сторам тоа

Колега, секој кој има ебај акаун може да ти ја порача. Еве јас можам да ти завршам работа, не е никаков проблем. :)

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2854
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #647 на: 12 Октомври 2013, 20:19:26 pm »
http://www.ebay.com/itm/Front-Strut-Tower-Bar-Mazda-MX6-Ford-Probe-RS-LS-93-96-/231058846609?vxp=mtr&hash=item35cc2e3391
Сакам да ја купам шипкава
Преку кој од членовите може да го сторам тоа

Колега, секој кој има ебај акаун може да ти ја порача. Еве јас можам да ти завршам работа, не е никаков проблем. :)
Ај во понеделник си идам за Скопје па ке ти пишам каде да се најдеме пари да ти дадам

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7241
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интер&#
« Одговори #648 на: 15 Октомври 2013, 12:40:44 pm »
Цитат

Поштенски пратки / Царинење на поштенски пратки       
   
Постапката на царинење на поштенските пратки се спроведува согласно Царинскиот закон, прописите донесени согласно одредбите на Царинскиот закон и меѓународните поштенски прописи.
 
Сите поштенски пратки кои се предмет на меѓународниот поштенски сообраќај подлежат на мерките на царински надзор и постапка како што е предвидено со царинските и поштенските прописи.
 
Начелно, при пристигнување на поштенските пратки на царинското подрачје на Република Македонија, согласно одредбите на Уредбата за спроведување на Царинскиот закон под надзор на царински службеник се врши издвојување на пратките кои се пуштаат во слободен промет без обврска за поднесување на царинска декларација и тоа:
 
- поштенски картички и писма кои содржат само лични пораки,
- писма пишувани со Браилово писмо,
- печатен материјал кој не подлежи на плаќање на увозни давачки и
- сите други пратки од некомерцијална природа кои се испраќаат со писмо или со поштенски пакет од незначителна вредност, со вкупна вредност до 45 ЕУР во денарска противвредност, под услов да не постои обврска за плаќање на увозни давачки, а кои содржат ситни подароци, рекламен материјал, ситни мостри и слично, освен пратките кои содржат алкохол и пијалоци што содржат алкохол, парфеми и тоалетни води, тутун и производи од тутун.
 
Пратки од некомерцијална природа согласно Уредбата за спроведување на Царинскиот закон се сметаат пратки кои се испратени од едно на друго физичко лице, повремено се увезуваат и нивниот вид и количина укажува дека се наменети за приватна, лична и семејна употреба на примачот или која очигледно е наменета за подарок.
       
Пратките кои не подлежат на давачки согласно став 3 од членот 144 од УСЦЗ се смета дека се ставени на увид на царинскиот орган во смисла на член 73 од Царинскиот закон, дека царинската декларација е прифатена и дека е одобрено пуштање на стоката, во моментот кога стоката е испорачана до примачот. Овие пратки, после извршената контрола од страна на царинскиот орган во изменичната пошта можат да се пуштат во слободен промет без царински формалности.
 
 
Поштенски пратки кои подлежат на царинска постапка
 
Сите поштенски пратки кои содржат стока, а кои се испратени од странство од страна на правни лица, како и сите пратки кои се предмет на купопродажба, подлежат на пресметка на царински давачки и ДДВ, независно дали служат за лична употреба на примачот.
 
Доколку примачот е физичко лице, плаќањето на царинските давачки и ДДВ се врши на еден од следните обрасци:
-Поштенско царинска декларација: ако вредноста на стоката во пратката е помала од 800 ЕУР во денарска противвредност и се применува единствена царинска стапка од 15 % и стапка на ДДВ од 18% или 5% во завосност од видот на стоката.
Неа ја пополнува царинскиот службеник, а давачките се плаќаат при приемот на пратката и
 
-Единствена царинска декларација: ако вредноста на стоката во пратката е поголема од 800 ЕУР или примачот на пратката се изјаснил дека сака стоката да биде оцаринета со стапка согласно Законот за царинска тарифа. Во овој случај декларацијата се поднесува согласно постоечките прописи предвидени со Царинскиот закон, УСЦЗ и Правилникот за начинот на пополнување на царинската декларација и кодексот на шифри кои се употребуваат во царинската постапка, најчесто преку царински застапник.
 
Доколку примач на поштенската пратка е правно лице, за пратките кои што содржат стока од незначителна важност и под услов да не подлежи на увозни давачки (мостри на стока, печатен рекламен материјал во количини предвидени со Уредбата за поблиски критериуми и начинот на спроведување на ослободувањето од плаќање на увозни давачки, како и вредноста, количината и видот или намената на стоката која може да се ослободи од плаќање на увозни давачки), да не е дел од редовна низа слични пратки и да не е предмет на забрани и ограничувања,  на царинскиот орган му поднесува изјава. Во сите останати случаи се поднесува царинска декларација.
 
 
 
Царински долг и царинска вредност на стоката
 
Во постапката на царинење на стоката во поштенските пратки, независно дали се спроведува на поштенско царинска декларација или единствена царинска декларација (ЕЦД), се утврдува царински долг кој треба да се плати. Царинскиот долг го сочинуваат царината и данокот на додадена вредност и евентуално други пропишани давачки во зависност од видот на стоката. Пропишаната царинска стапка се пресметува на царинската вредност на стоката. Царинската вредност на стоката ја сочинува трансакциската вредност, односно стварно платената цена на стоката или цената која што треба да се плати, прилагодена за дополнителните трошоци кои се настанати до пристигнувањето на стката на царинското подрачје на Република Македонија. По правило во царинската вредност на стоката испратена по пошта влегуваат трошоците за поштарина. Трошоците за поштарина не влегуваат во царинската вредност на стоката која по пошта ги испраќа едно физичко лице на друго и доколку пратката е испратена по брза пошта EMS.
Даночната основица ја сочинува царинската вредност зголемана за износот на пресметаната царина.
 
Основен документ за утврдување на царинската вредност претставува фактурата, односно сметката. Доколку кон поштенската пратка не е приложена фактура или сметка, царинскиот службеник ќе го повика примачот на стоката да достави докази за вредноста на стоката. Доколку примачот на пратката не достави никакви податоци за вредноста на стоката, царинскиот службеник ја пресметува царинската вредност согласно одредбите од членовите 29 до 34 од Царинскиот закон. Доколку примачот на стоката не се согласува со царинската вредност утврдена од страна на царинските службеници има право да поднесе приговор на утврдената царинска вредност. Приговорот се поднесува во писмена форма заедно со неотворената пратка и сите документи и докази релевантни за повторна царинска контрола и одлучување.


http://carina.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=365

Многу некако 15% царина за било што. Ако е некој поупатен нека ме корегира.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #649 на: 15 Октомври 2013, 12:45:27 pm »
http://www.ebay.com/itm/Front-Strut-Tower-Bar-Mazda-MX6-Ford-Probe-RS-LS-93-96-/231058846609?vxp=mtr&hash=item35cc2e3391
Сакам да ја купам шипкава
Преку кој од членовите може да го сторам тоа

Колега, секој кој има ебај акаун може да ти ја порача. Еве јас можам да ти завршам работа, не е никаков проблем. :)
Ај во понеделник си идам за Скопје па ке ти пишам каде да се најдеме пари да ти дадам
Shipping: $52.99 USPS Priority Mail International

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2218
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #650 на: 24 Октомври 2013, 15:06:25 pm »
Фала богу paypal на ми даде да сврзам трета картичка со нив, според последните изтражувања за патиките кои ги порачав морам да платам 18% данок еве ќе цитирам од нашата управа на лопови што пишале во ЧПП.

" 4550 Сакам да купам кожна ташна online, до која сума може да се нарача без никакви давачки. Поздрав
О:  
Од плаќање на царински давачки се ослободени пратки со вредност до 45 ЕУР, додека од ДДВ до 22 ЕУР, што значи дека доколку пратката е со вредност до 22 ЕУР, ќа биде ослободена од плаќање царина и ДДВ, а ако е со вредност од 22 до 45 ЕУР, ќе платите само ДДВ."

Ова е ново, порано порачував до 50 евра без да платам ништо ама сеа лопурдиве измислуваат се и сешто само да дојдат до пари.
>>>>><<<<<

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #651 на: 24 Октомври 2013, 15:07:44 pm »
Еве јас што пишав месецов.

Иначе мислам дека од почеток на година е вака, не ме фаќај за збор.
До 22 евра не се плаќа ништо, од 22 до 45 само ДДВ, над 45 царина и ДДВ.

За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2218
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #652 на: 24 Октомври 2013, 15:11:37 pm »
Катастрофа, неисплатливо ќе биде се. Така да последната порачка си ја направив. Амин нека им е на нашава пазарна економија, дај боже да се потрупаме у кинештии канцерогени и фуш алишта и облека :D
>>>>><<<<<

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55241
  • Махер
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #653 на: 24 Октомври 2013, 15:19:15 pm »
Многу знаат што е 22еур, а што 45еур.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #654 на: 24 Октомври 2013, 15:28:54 pm »
Како што до сега не се плаќаше секогаш царина и данок за суми над 45 евра, така и од сега натака нема да се плаќа ддв, односно ретко ќе се плаќа, за суми  од 22 до 45 евра.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2218
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #655 на: 24 Октомври 2013, 15:30:21 pm »
Како  и да е мене денес ми стигна писменце да одам да си платам и тоа и поштенски трошкови.
>>>>><<<<<

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10000
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #656 на: 24 Октомври 2013, 15:38:03 pm »
Не си одиграл тактички добро, реалната цена ја пишувало на пакетот. Најчесто продавачите, ако им потенцираш, пишуваат или помала вредност или gift.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Vladeee

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2218
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #657 на: 24 Октомври 2013, 15:41:55 pm »
Не си одиграл тактички добро, реалната цена ја пишувало на пакетот. Најчесто продавачите, ако им потенцираш, пишуваат или помала вредност или gift.
Ме изненади оваа новина, немам купувано скоро една година, обично знам немаше никаков проблем со нарачки до 45 евра, ама изгледа топуков ставил фактура во кутија и нашиве мајмуни од царина одма виделе, све да им е***. Здравје памет за друг пут и повише информираност.
>>>>><<<<<

Отсутен Bugar

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5710
  • Почесен кинез.
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #658 на: 24 Октомври 2013, 15:46:17 pm »
Se prai vtora finta. Mu vikas 50% preku peypal a 50% direktno na smetka vo banka na prodavacot. I prodavacot ti izdava faktura na 50% od vrednosta. Problem na carina nemas.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5384
Одг: Интернет порачувања, веб страни, интересни работи...
« Одговори #659 на: 24 Октомври 2013, 16:28:14 pm »
пфффф тие данок на бакшиш ќе ставаат вие за 20евра сте се фатиле.држава е ова не е заебанција