Не знам дали имаме тема царини, па ај тука нека е, една интересна случка пред некој ден,
на граница влегувам во мк, и носам вбагажник пластични кутии од Икеа, една торбица од аутлет, банани и лименки фанта од Лидл и најбитното, два задни амортизери Монро (80€) за мојата кола.
Му пријавувам на цариникот се шо носам и ми вика не смееш делови да носиш за кола оти тие не се за лична употреба.
- Оти да не се, за мене се за мојата по бројчето можиме да провериме, му велам
- И да се, од каде ќе знам дека нема да ги продадеш, вели тој
Се думам ми нема логика муабетот, јас зијан сум колата шо ја запалив преку граница шо поминав, не пак ќар да излезам,
а не пак проматарите со Парксајд шо прајме си велам во умот...
- Ами за така и другово можам да го продадам, велам,

Како е процедурата, не смеам да внесувам автомобилски делови?
- Смееш, само мора да се царини, еве ова пример, лименките бананите се предмети за лична употреба, амортизериве не...
Како да правиме, ми вели?
- Шо знам, не знам, како ќе кажиш..., јас
На крајот ме пуште, ама сега прашањето е:
Колку банани можам да внесам а да не се од комерцијална природа?