Изгледа си патиме од комплекс демек мерцедес, германско ауто а-у..
Другарче мое имаше ц250 2005год, го повозе 5-6 месеци рајаат, почна те бошот те мењачот те турбото, крај немаше. Бошот секои 2 месеци го предихтоваше.
Е сега нема возено алфа, али што имам поправано немаат корозија ни на гребаниците т.е. на места кај што се удрени/изгребани. Истото го имам приметено и кај даихацу. Фелервагенот до крај 2000-та исто се све 'рѓа, за поновите сум немал искиство. Пежо воведе алуминиумски делови(значи фала богу некој да го направи тој потег) што секако дека и од сол нема да имаат мака во догледно(па и недогледно) време, но колку што сум се дружел со овој бренд имаат малце осетливи мотори во смисла си сакаа да си се хранат здраво ( повеќето имале проблем со дизни/бош ради лоша нафта) а бензинците знаат да зезаат со некој глупости од типот кородирана електрична спојка, ламбда, плин и такви некои ситници. А3 над две и некоја година(а може и порано) почнаа да ги цинкуваат слабите точки, но во зависност од моделот (слично како и кај други модели) едно рамо достигнува цена од 200 еу а може да го разлокаш на една полоша дупка.... Комшијава има дачија дустер, не знам како се покажале, некако како да и фалат уште 50-60цм од зади али во секој случај ми изгледа функционално возило. Исто и juke ми изгледаат практични(мада и малце потсечаат на жаба

) а нисан до сега не се посрамотиле. Баш пред некој ден загледав рено клио поново некое ќе да беше, како беше скоцкано да ти е ќеф да го гледаш. Постарите опелчиња(што носеа исузу мотори) се покажаа и докажаа како од механички аспект така и од лимарски аспект, поновиве не би требало да разочараат.
Низ форумов некаде беше пишувано за соработлата околу брендовите и за тоа како еден ист мотор го користат 15-тина брендови. Значи горе-долу сите аута дојдоја на некој стандарден квалитет(а богами и изглед) така да останува очуваноста на аутото и класата како разлика од кола до кола.
Исто така имам приметено дека повечето модели имаат по мекоја слаба точка на која треба да се пази. Секој модел своја приказна.
Е сега постов го напишав врз основа на скромно искуство лично и од познаници, исто и од она што го имам прочитано како на форумов така и на други сајтови така да тоа би било сума сумарум од моја гледна точка.
Значи нежа да грешиш ако не земиш мерцедес, т.е. ако не начекаш према твоите желби, далеку од тоа дека нема доври мечиња.