Дечки, ќе ја искористам темата за ваш совет. Доколку има слична тема, слободно префрлајте.
Ми треба совет за купување на половно возило, во износ до макс 4600-700 евра, вклучително и регистрација. Возилото ќе се користи првично за патување до работа и назад, во просек 40 км дневно. Неколку моменти би ми биле битни:
- возило од средна класа ( средна-висока). Истото важи и за неговата моќност (максимумот во коњи би бил 110-120)
- 5 врати и да задоволува минимум за нешто што би се сметало за фамилијарно возило
- погодно за низ град, за догледно време да се додели да го вози женска особа
- ниска потрошувачка
- предност дизел. Не е исклучена и варијанта бензин па вградување на плин
- да биде погодно за патување до земјите во соседството
- по можност да има мотор на ланец.
Знам дека ве има доста со бајаги искуство и знаење, па вашиот совет ќе биде најверодостоен.
Ви благодарам.