Ко божем ќе гледаш, ама има толку ситници кои ќе ти избегаат, а од тие што се на оглас, ретко без недостаток.
Еве пример со типото. 10 години беше старо, втор сопственик, кај него едвај 1 год. 115.000 ,плинот сеуште под гаранција, и во најдобра состојба од огласените.
Каросериски не беше разнесена. Нормално, забележав недостатоци, ама не купувам нова кола.
Требаа нови гуми, испланирав навлаки за седишта, нови кочници, сервис течности, каиши...
Приметив проблем при палење, си викам еден штел, и свекици и готово. Испадна повеќе, разводник, кабли, фалш воздух.
Вода за брисачи немаше, вика заборавил да стави,ставам дома, истече водата, ајде казанче.
По првиот дожд, нов носач на брисач 60евра(се скрши едно пластиче, а иде комплет) плус ми ја изгреба шофершајбната. Кратко по случката, ми се јави, заборавил да ми каже дека има полиса за стакло. Испадна фер претходниот сопственик, сигурно сум оставил лице при купувањето.
По 2 месеци рикна лонец и почна да дише од (?) ајде комплет издув, да биде цакум пакум.
По 6 месеци ламела, ајде сет.
По некое време и амортизер, ајде 2 нови предни.
Carpathian Lord е во право дека одредена сума, кога тогаш ќе мора да се даде, кога се нема за нова кола
