Претпоставувам дека е фиат браво.
Потрошувачката треба да е 6-7 отворено и 10-12 градска на плин. На бензин потрошувачката е со литар пониска.
Кратка споредба со сегашните цени:
- 10.000км отворено со потрошувачка од 6л/100км бензин или 7л/100км плин.
За бензин ти требаат 50700 ден, за плин 27300 ден.
- 10.000км градска со потрошувачка 10л/100км бензин или 11л/100км плин
За бензин ти требаат 84500 ден, за плин 42900 ден.
Интервали за сервис на плинот:
-На секои 20,000 км -контролен сервис и замена на филтер за гасна фаза. -900 ден во Плимонт
-На секои 40,000 км -контролен сервис и замена на филтер за течна фаза. -600 ден во Плимонт
*Ова е препорачано од Плимонт.*
Плинарот каде што одам препорачува промена на двата филтри на 15.000 км и тоа кошта 1000 ден.
Во разговор со плинар дознав дека во просек мембраната на расплињачата трае околу 3 години (се стврднува и пука) и промената кошта 3000-3500 ден.
Најверојатно колата пали прво на бензин, а на одредена температура (30-40°C) префрла на бензин плин и првите 1-2км ги возиш на бензин зимно време и ти троши повеќе бензин (мене ми троши зимно време бензин 1.3л/100км+плин).
На кратко тоа е тоа за плинот.