Од овој модел на Корси, фејслифт имаме 4 на работа ама со 1,2 мотор.
Предности: Внатре се најдобри и најтивки од сите други возила од таа класа (Балено, Фиеста, Сандеро, Ноте, Ц3), некако најубаво склопена е, со оној убав и тап звук при затврање на врати, делува многу цврсто и при возење ептен убаво впива нерамнини, го нема звукот како да ќе се распадне ако лупнеш во дупка, убава кола во секој случај.
Маани: 1,2 моторот е жали боже, многу многу тром, и многу троши, како од шала се по па и преку 10 литра низ град.
Проблеми немале никакви освен една ама таа беше од првите пред фејслифт која имаше некој проблеми со ланчето па го сменија во гарантен рок.
Уље не троши ниту една, АМА овие се со 1,2 мотор како што кажав.
Не се нешто многу возени, нема некоја со повеќе од 7-80.000 поминати километри, така да мислењево погоре е за релативно нови возила со мала километража, какви ќе се понатака не би знаел.