Вака, секако би избрал најновото 2020 a4, ама дури и да се решам за новата со опремата со која ја барам (прво дали ќе ми ја опремат така у мкд) и второ возилото ќе кошта 61.000-63.000 еур. А тоа се лудница пари. Вака реално гледано до 30.000-32.000 некако ми се дават повеќе јок.
Зборам за голф 8, бидејќи сум цело време со голфови, на татко ми од работа 7 мицата, женска ми 6 ка, ние 5 ка дома, и се сите предобри, особено шо имам и француско возило и уште неколку негермански, не се наши де ама ги возам, како rav4, hyundai ix35. Долго време се возев со Honda type S 2009( полошо нешо ја неам возено, ужас)
Тука разлика прават голфовите, тоа чувство на прецизност, убава изработеност, ергономичнист, стабилност итн.
Истово ауди шо јас го гледам се наоѓа и за 17.000 еур, ама би земал возило од пониска класа со висока опрема отколку возило од повисока класа со ништо опрема.
Инаку звонев во порше ми рекоа дека немаат а4 и не може да се направи тест вожња.
Го споредувам со голфот бидејќи другар зеде a4 2009 со ниско ниво на опрема (без разлика на тоа) го возев и ми остави мн сличен впечаток на голфот. Што ме натера уште повеќе да го ценам тоа возило. Затоа пишав голф 8.
А конкретно ова возило што го пастирав тоа го сакам, такво нема во МКД, има и ACC, и matrix, и виртуал, и 3 зонска, и покрај тоа има греачи на задни седишта и климатизација на предни седишта, и уште мн опрема што кај нас не се наоѓа.
А зошто тди, па зошто да не, убава проверена машина, економична, мирна, лесна за оддржување, помалку џиглинг на ниско обратаи со s-tronic споредба до tfsi. И повеќе торк.
Sent from my iPhone using Tapatalk