Допрев до компјутер па да пишам подетално
Како што пишав погоре се е канти по нашиве плацеви, малку двои Авто Милано, ама поскап е и со цените.
Се јавував по мк огласи, нервозен што немам кола, а многу ми треба и секаде се работеше за измамници. Колите огласени со по 1еур не ги ни отворав.
Канти донесени од бугарија, купени најевтините од оглас и прикрпени да му издржат на новиот купец „до прагот“.
Си викам вчера, кога тој некој може да отиде до бг да донесе кола и да ми ќари 500-700еур зошто јас да не отидам бар и да си купам што сакам.
Ноќеска палам колата и прво ќустендил, имаше нешто интересно, ама рано бев и не беа сите отворени. Следно кралство дупница, шетам акам 2-3ч се или е фарбано или ентериер за никаде а цените прилично скапи. Остана уште мал дел не прошетан и кога гледам покрај мене мине фиеста бензин и излегува од плацот, ја пратам со поглед и се враќа кај што стојам за некое време и ја паркира во гаражата кај што перат и прават хемиско.
Здраво колава се продава ли? И си отварам врата ја гледам внатре мршник, имаше навлаки и ги вадат и тоа сунѓерот се рони лом седиштата и подот. внатре гледам по маската нема гребено, седиштата логички од навлаките здрави ко нови ама прилично нечисти.
Да вика се продава ама не е спремна, само што се симна од камион правиме еден круг да видиме дали функционира и ја внесуваме за чистење.
ај викам испери ја надвор и дај стави и таблици да ја пробам
Ја испра си дојде бојата до израз ама и сите ситнурии од секојдневно користење, чепната на браници, удирана од врати на паркинг, а изгледа и некој комшија се имаше потпишано на едната врата.
Седнувам ја возам, оди супер, тропка некој стабилизатор десно ама за таа класа на кола е смешна сума на пари, ја пробав и на бензин се вративме и му викам ја зимам вака како што е, не мора да ја чистиш да и враќаш километри ништо.
Е кога немале оригинал фактура оти треба сега да врати потпишан цмр до продавачот па да му пушти оригинал фактури.
Вика ок е, само дури понеделник ќе може да се стави на таблици, немам документи.
Ок брато, исчистете ја исполирајте не ги чепкај километрите и понеделник ќе дојдам да си ја земам, еве ти 300еур капар.
Не ми е кеиф што е со плин, ама веќе кога го има ќе го користам. Ја земав затоа што видов дека нема чек енџин, не свети ербег гледам дека е безбедна за возење затоа што пред се е за женами, а во неа ќе вози дете. Имаше некои нашминкани, некои и без ербег, цената што ја платив беше малку повисока, ми симна околу 100еур само, ама не жалам затоа што ја видов во каква состојба стигна и ми покажа слики од плацот од каде што е купена и фактура на која што и стои оригиналната километража при продажбата.
Приметив дека за разлика од претходните години малите бензинци добро држат цена.
Од прилика тоа е приказната околу колата, не сум мајстор не се разбирам многу од мотор ама ако откаже нешто сигурно се прави или има половен
до сега секогаш кола сум купувал без многу мислење и акање по 300 мајстори и не сум се заебал. Ако ја бива арно, ако не за цена која е пониска од сите други секогаш брзо ќе си најде пат до нов купец. Не ја фарбам никаде кај што е изгребана затоа што кратко ќе трае, низ велес и без гаража брзо ќе си добие нови лузни.