Автор Тема: Совети пред купување половен автомобил!  (Прочитано 1166894 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2535 на: 04 Мај 2018, 09:48:41 am »
ЈАс од убавина продавам кола, сите луѓе ги знам што сум им продал, никој до сега немал проблем освен редовен сервис. Голем најчесто јас сум им правел. Сите коли што сум ги купил „ми се погодиле“ можеби ради добра карма оти не сум заебал никој до сега.

Отсутен Johnny625

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 195
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2536 на: 04 Мај 2018, 10:17:28 am »
Се слушнав со мајсторот вика стави вода, не ми рече антифриз, а знам дека се меша антифриз и вода, не ставив ништо утре одам кај него ке видиме

Абе те прашав оти стандард мана на тие пежовци е сензорот за ниво на антифриз. Значи антифриз може да си има таман ама сензорот може да е нешто извалкан, не прави добар контанкт со антифризот и кажува дека има ниско ниво на антифриз.

Лекот е вадење на сензорот и негово чистење шо е буквално пет минути работа.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2537 на: 04 Мај 2018, 10:59:16 am »
ЈАс од убавина продавам кола, сите луѓе ги знам што сум им продал, никој до сега немал проблем освен редовен сервис. Голем најчесто јас сум им правел. Сите коли што сум ги купил „ми се погодиле“ можеби ради добра карма оти не сум заебал никој до сега.
Секоја чест, има исклучоци ама ретки се. :)

И јас ги продадов во одлична состојба претходните коли, откако по нивното купување морав да ги "стегнам" и потоа ги одржував како треба.
Самиот факт што на оглас колите што ги продавав висеа едвај 2 дена покажува многу.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14706
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2538 на: 04 Мај 2018, 14:15:41 pm »
Со мојата прва кола, југо, го "папав" истиот стап.
Со мојата втора кола, фиат типо, пак го "папав".
Со третата, меган, слично.
Не купуваш кола од салон.

Секогаш имав предвидено мин. 500 евра за "дотерување".

Кога купуваш кола на старо, треба да си свесен дека од убавина никој не продава кола.
Во најдобар случај, претходниот сопственик не сакајки повеќе да инвестира во неа(регуларен сервис, гуми, кочници...) гледа грижата да прејде на друг.

Гледај од посветлата страна, така ќе " научиш" да возиш кола. :)



Па, јас кога ги продавам колите секогаш биле потполно исправни, пред се затоа што си ги возам за себе, не сум продавач на плац. Тоа луѓето го забораваат најчесто. Се улетуваат по плацови, а не купуваат коли од луѓе.

Тој што ја вози секој ден (се разбира има исклучоци) инвестира во поправки, замена на делови итн.

Тие на плацови се купуваат на кило и после мора да се инвестира.

Крај краева, секое половно возило (освен ако не е под гаранција) мора да се инвестира.

Праен е муабетот сто пати до сега. 1500 евра кога тогаш ќе ги дадеш, сакаш или не.

Замаец, потисни, гуми,...нешто друго...ќе има проблем.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2539 на: 04 Мај 2018, 15:39:44 pm »
Очигледно, Mitko111 требало да се обрати на форумов, некој дали си ја продава колата.
Како што се случи скоро, со еден Seat Leon, ми се чини.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14706
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2540 на: 04 Мај 2018, 16:36:05 pm »
Малце помош, земав пежо 307 ХДИ 2,0, 2002
3000 еу
ја возам 1 месец,
досега имам сменето шајбна на радалица, (5,200 ден)
клинест каиш (1200 ден)
четкици на алтернатор(1200 ден)
имам друг проблем сега со температура, ми пишува top up engine, обично 80 беше сега 85 но не оди преку 90, се слушнав со мајсторот вика стави вода нема вода па ке видиме,

Се мислам дали да ја продадам пошто за еден месец многу проблеми наеднаш нон стоп нервози за неа па ако има некој совет, фала !

Прва кола ми е, јасно ми е дека е потрошен материјал, јбг разбирам се дешава кола е, али многу се наеднаш и некако изгубив мерак за неа

Ах бе другарче. Тазе си уште. Ова ти е потрошен материјал шо менуваш. Најчесто се фрлаат од 1000+ евра на половна кола (ако сакаш да возиш исправна кола). Така што 100+ евра се мачкина кашлица :)

Не го губи меракот одма. Ништо не е ова. Убаво е што си ги сменал овие работи.

Терај, уживај, ако треба нешто помош пиши си тука.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3928
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2541 на: 04 Мај 2018, 17:45:41 pm »
Ти си добар од старт на половна кола идат 500€ како од шала, 230 евра голем сервис 60 евра редовен сервис. Ова ти кажувам јас кога ја купив колата и тоа кола со 100.000км. Така да не се разочарувај

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен mitko111

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2542 на: 04 Мај 2018, 18:09:13 pm »
Фала на сите, ставивме вода го решивме тоа, сега нема проблем, па да видиме колку ке уживаме во неа сега.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4000
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2543 на: 04 Мај 2018, 18:34:49 pm »
Фала на сите, ставивме вода го решивме тоа, сега нема проблем, па да видиме колку ке уживаме во неа сега.

Е сега откако стави вода повози ја 500км и ако не пушта разладна никаде смени ја разладната  телност со прописна и тазе. Прва работа по купување половна кола е замена на уље во мотор и менувач, разладна телност и глицерин во кочници, и сите филтри.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2544 на: 04 Мај 2018, 18:57:33 pm »
Abe redoven servis na nova kola e 100 eu, a ne pak na polovna. Ako so 100 eu si gi resis problemite treba da castish, a ne kejf da gubis

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14717
  • Пудингот на шоферството
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2545 на: 04 Мај 2018, 23:14:29 pm »
Абе вие како кажвате овде како да одите ја гледате колата од 749м и ја плакате па заминвате и после имате уште 500,1000,1500е спремни од страна да ја досредувате.
ЈАс кога одам да гледам кола,прво гледам шасија,па мотор,па кочници,па амортизери па ентериер и сл...(нормално ако е издрпана внатре или надвор не ја гледам)...
Одкако ке ја видам,ке проценам дали вреди за парите шо ги бара или не.Ако не  вреди не се ни трудам да се ценкам,заминвам одма.
Како се заебвате како ви излегват илјадници во евра непланирани трошоци алал да ви биди.Уствари затО сите Шкоди нови купвате. ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2546 на: 05 Мај 2018, 09:43:10 am »
Ко божем ќе гледаш, ама има толку ситници кои ќе ти избегаат, а од тие што се на оглас, ретко без недостаток.

Еве пример со типото. 10 години беше старо, втор сопственик, кај него едвај 1 год. 115.000 ,плинот сеуште под гаранција, и во најдобра состојба од огласените.
Каросериски не беше разнесена. Нормално, забележав недостатоци, ама не купувам нова кола.
Требаа нови гуми, испланирав навлаки за седишта, нови кочници, сервис течности, каиши...
Приметив проблем при палење, си викам еден штел, и свекици и готово. Испадна повеќе, разводник, кабли, фалш воздух.
Вода за брисачи немаше, вика заборавил да стави,ставам дома, истече водата, ајде казанче.
По првиот дожд, нов носач на брисач 60евра(се скрши едно пластиче, а иде комплет) плус ми ја изгреба шофершајбната. Кратко по случката, ми се јави, заборавил да ми каже дека има полиса за стакло. Испадна фер претходниот сопственик, сигурно сум оставил лице при купувањето.
По 2 месеци рикна лонец и почна да дише од (?) ајде комплет издув, да биде цакум пакум.
По 6 месеци ламела, ајде сет.
По некое време и амортизер, ајде 2 нови предни.

Carpathian Lord е во право дека одредена сума, кога тогаш ќе мора да се даде, кога се нема за нова кола :)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6992
  • Бенве сие бенве
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2547 на: 05 Мај 2018, 14:04:03 pm »
Мене живо ме интересира дали карптиан ќе каже дека мењачот му е дефект кога ќе ја препродава...

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1880
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2548 на: 05 Мај 2018, 14:45:23 pm »
90% од тие што зимаат на старо и ги продаваат за неколку години го прават ради што колата има дефект или треба да инвестира многу пари во неа, тие финти ми се здосади сакам нешто ново само кај наивни поминуваат. Сигурно има на форум некои такви, не ви е досадно да земете кола на старо па да ја сервисирате додека средите се, па после 2,3 години пак исто со друга кола

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6579
Одг: Совети пред купување половен автомобил!
« Одговори #2549 на: 05 Мај 2018, 14:54:26 pm »
Мене живо ме интересира дали карптиан ќе каже дека мењачот му е дефект кога ќе ја препродава...
Озбилно? Затоа он нова шкода сака :)