Ќе напишам накратко збор два за Астра Х 1.9 од мое лично искуство. Прво ќе почнам од ентериерот. Седиштата се доста тврди, и тие од страна сунѓерот за да те држат в седиште ако си покрупен уште по непријатно ќе ти биде возењето. Лично мене, не ми сметаат. Пластиката под воланот се доста ниски и доколку си повисок можи колената да ти фаќаат кога ке преминуваше од гас на кочница. Стубовите напред се прилично широки, и понекогаш знаат да сметаат во поостри кривини. Видливоста во глобала е ок. Назад доколку седи некој на средина на задните седишта нема да гледаш ништо на среден ретровизор. Мислам дека е и поширока од конкурентите во оваа класа, бидејќи има големи ретровизори. Назад комотно може да седат 2 поголеми, но сепак ова зависи од големината на тие што седат напред. Кога се вози на отворено, во кабината се слуша како ветер, а и моторот е далеку од тивок. Колата инаку не е премногу тврда, но ако возиш со поголеми бандаши, внатре ќе ги осеќаш сите нерамнини со сигурност. Од аспект на возни карактеристики е доста добра. Има прецизно управување, има многу прецизен менувач и многу, многу добри кочници. Кога сме кај менувачот, малце е непријатно возењето во гужви, бидејќи прва е премногу бавна, а втора е доста брза. Од аспект на моторот, го имам 1.9 со 100 коња, и добро влечи. Комбинирана потрошувачка е некаде околу 6.
Мислам за некои работи има врска и со каква опрема доаѓа
Во глобала е добро количе како баланс за низ град и отворено.
Ако нешто ве интересира, прашајте
Sent from my Redmi 4 using Tapatalk